икра (ж.)
И - моето бротче од стиропор со меурчиња наместо пукнатини со од патишта и патила невидлива патина Весело морско коњче, од игра помалку уморно во правците на светот неопитно од светот тркалезен и чудесен восхитено К'о икра за плодење тоа за копно копнее.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Пример рибата: за да го продолжи своето потомство, во зависност од видот, исфрла од 15 илјади до 150 милиони икри годишно; матицата на пчелата за три години снесува околу три милиони јајца; жабата шест илјади годишно; и човекот непотребно се расфрлува: во изливот на семето исфрлува околу 200 милиони сперматозоиди.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И прскаат искри ко скрувци сол да пукаат, ко икри од риба.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тукушто поминаа дождовите и сонцето почна да ја грее земјата, да ја вари како во казан, стаса поморија по рибите: осамна езерото со илјадници збрлавени риби што водата ги изфрлуваше на брегот; скокаа рибите низ песокта, прпелкаа се превиткуваа, замавнуваа со опашката, ја тресеа главата, ја закопуваа во песокта за да ја столчат, да прекинат со овие грчеви; умираа со подзинати усти, со испуплени очи; од мевот им се цедеше недоисфрлената икра.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ми се изнагледа одвнатре:
папок и икра, психоклиторисни места
плотни душеци и страсти за косење
...негативи...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во големи јата го напуштаат езерото и низ реката Црн Дрим одат во Јадранското Море, а оттаму во Атланскиот океан, и кај Бермудските острови ја фрлаат икрата...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога ќе ги фрлат женките икрите во големите морски длабочини, мажјаците им стркаат млеч и потоа заедно угинуваат обезбедувајќи си потомство...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Лизгајќи се по рамото како по крлушки, и по мекотата на попрсјето, тој ја осети дрочната икра што трепереше во гроздови, полна густа медовина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- И така... - продолжи Дејко, - женките овде остануваат девет-десет години, и кога ќе се наполнат со икра, тргнуваат заедно со мажјаците што ги чекаат на вливот од реката...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Продолжувала да стои увисната на неговиот врат, спружена по целата негова должина, а само очите почнале да ѝ поигруваат како икри масло над вода.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И навистина, академијата беше некој вид на мрестилиште во кое многу „лососи“ ги положија своите икри и својот млеч за како што тоа и во природата бидува, да се распаднат во некој од вировите на академизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)