илуминација (ж.)
Почетокот е илуминација
на свет- текст
принесување животни и растенија
пред идејата и чинот
почетокот е прекршување на небото
во алхемиското огледало на писмото
во црвените и црни курзиви
во она што нѐ одликува од другите
она по што го паметиме сижето
- животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Душата ја озвучуваат громови. Осветлуваат секавици во ноќта на Илуминацијата.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Не сум заробеник на спомените, сето она што го перцепира моето око и ги впива во себе прозаичните секојдневни доживувања и илуминации, создава во мене катарзичен порив, ундулација на чувствата, а филтерот се фабулозни увертири на секојдневните драми.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ѕвезда падна. Небесна илуминација. Тој не ја виде.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Јавната куќа „Кремљ“ ќе биде украсена со постојана илуминација (но не премногу блескава, заслепувачка), да трепери како светлата на елка или во црква.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А утринава, покрај водоскокот, покрај перчето вода бликнато угоре (илјадници водени прсти кренати за молитва! или илуминација на бушавата радост!?) ти, Старче, ѝ беше двојник на осаменоста!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Повторно имаше илуминации, улиците беа украсени со знамиња, транспаренти и фенерчиња.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Можам да дадам чесен збор, кога ја видов сета таа илуминација и радост, јас сторив изглед дека сосема не ја забележувам најневината итрина и сентименталните, простодушни обиди на градската управа да го украсат моето прво доаѓање во големиот непознат град...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Како да се смири илуминацијата на вулканот?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)