имот (м.)

Така до скоро беше и со имотот. Имот не можеше да се купи и да се има.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го одржуваа својот колибарски живот, сееја што сееле и нивните стари, работеа како што работеле и нивните стари, живееја просто и едноставно од плодовите на својот труд, од бериќетот што ќе го собереа по своите планински имоти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да си одиме, му вели гласно на Лазора Перуноски кој е старешина на сојовите кои живеат и работат на Имотот и негов доверлив човек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Стопаните на Имотот, возрасните, беа собрани на чардакот, гледаше на запад, во сонцето; мажите редеа некакви дрвца, различни фигури, на ишарана табла, а жените везеа на ѓерѓев, додека децата нивни растрчуваа низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Штом некој нема да си го плати данокот, тој ќе го фати и ќе го тепа се додека овој кутриот не му ветел неколку дена работа на неговиот имот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во меѓувреме, се смилувал и дедо ми и му го доделил и делот од имотот што му следуваше на татко ми (ниви, овци, кози и говеда)...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Работи на обезбедување на лица и имот можат да вршат лица кои имаат лиценца за работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Добра ноќ, изговараат по него главите на сојовите кои живеат и работат кај него, на неговиот имот, и поздравувајќи се меѓу себе и со Васила Митрески, тој останува пред Северна порта за да ја затвори, си одат дома си, капнат а и од умор и јадосани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кој не ќе се одѕвиеше на законот му беше одземан имотот, сам тој погубуван а неговиот сој паѓаше во царска немилост.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Малкуте имоти што останаа Дедо им ги подели на своите два сина кои требеше да се грижат за сестрите до нивните мажачки.
„Граница“ од Луан Старова
Колку можеш од целиот имот создаван со векови да собереш во една торба?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го обзема зазор и го преместува погледот на Имотот, на Источна порта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А неговиот имот би прехранил половина село.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Беше готова веднаш да замине, ама прво мораше да го промени договорот и во корисник на имотот го стави името на ужалениот зет Кизо, кој остана да живурка со неа и со женичката Микица, којашто ги негуваше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Живеејќи на чифлигот на татка си потајно демнеше згода за која ќе може да ги наклевети Акиноските пред султаните во Константинопол и да им го одземе Имотот а нив да ги направи свои раетини.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не беше ли тој, Сатаната, што го поучи него, лицемерно, да не отиде и да не се сокрие со сите други луѓе на Имотот, туку да остане овдека и да се обиде да ги смилостиви поганците со леб и сол?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
3.  Тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот – ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ние прилепчани многу добро го знаеме, порано како четник и ајдут, сега како грабач на туѓи имоти и „народен претставител“.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Садриазамот, наеднаш и страшно, извика Илјери и во истиот миг на врвот на јатаганот го крена лебот од тарунот во рацете на старецот, го сврти коњот во полукруг и го бодна спрема прудолу, спрема Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе