императив м.
императивен прид.

императив (м.)

Сега императивот да се одрекува нашата различност не притиска како порано.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, природно, кога еднаш ќе го разбереме тој двоен императив (толку оптоварен со спротивности), кога еднаш ќе се придвижи неумоливата критика на политиките, на сите политики коишто, во далечното или непосредно минато, ги создале претпоставките за војна (одлуката која можела да се донесе нужно била само страотно стратешко обложување чијшто влог - еднаш кога трагедијата се ублажила, со тоа дека никогаш ништо нема да ги надокнади мртвите кои ѝ беа цена - е можноста да се сочува помнењето, извлекување поуки и подобро разбирање на тој двоен императив).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Императивите на надворешен и внатрешен план остануваа исти: да се брани неврзаната политика и да се работи на унапредување на економските односи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко, му велеше, бездруго поучен од цариградското време, од големите средби што ги имаше тогаш со вујко си Фетхи Беј Окјар, како и една куса средба со Мустафа Кемал Ататурк, оти на Балканот се вестат тешки времиња, кога спасувањето на голиот живот, животот на чедата е неодложниот императив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Иако рецентните фото-панели служат како вонсериска верзија на истиот епистоларен императив - огромни, бучни писма до планетата - темата на нивното сопствено постоење е затемнета.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Амбицијата како да одеше секогаш пред неопходниот императив на чувствата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За тогашната формална логика важеше императивот: или — или, трето нема.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Особено во споредба со Холивуд, кадешто техничкото совршенство е императив на професионализмот, Ворхоловите филмови се работени крајно аматерски: тон со лош квалитет, често неразбирлив и таинствен и бука од off просторот во звучните филмови, неизострена и неквалитетна визуелна текстура, излегување од фокусот, осветлени делови на филмот итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Вооружен со научните императиви на социјалната антропологија, Вашер де Лапуж откопува на илјадници черепи по гробиштата на областа Еро за да го измери нивниот „кефален индекс“, па - по десет години теренски истражувања - на Ренан, кој мислеше дека може да прогласи дека „нацијата не е синоним за расата“, тој му одговара: „Ни во семејството ниту во нацијата не се стапува со проста одлука.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Загрозеноста на животот на целото општество дојде до онаа граница кога е неопходно, НУЖНО, да се разбуди јавниот граѓански морал, сите разумни без скрупули да истапат, секој од она место каде што се затекнал, сите заспани и застрашени морални императиви одлучно да се разбудат во секој оној што себе си се смета за морално суштество, коешто мора да го дигне својот глас против изолацијата и војната, за мир и соработка со светот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со Татко често запаѓаше во метафизички, теолошки разговори, но секогаш остануваше приспособлив на императивите на овдешната власт.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Императивот на дијалогот, што се наметнува во повеќекултурната средина, бара повеќе од само рамнодушно допуштање на другиот - бара негово активно признавање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)