импулс (м.)
Фасциниран од твојата креативност и затворот ќе го крстам замок доколку твојот поглед не одговори на импулсите на менталните бранувања.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Повлекувањето кон старите традиции ќе биде актуелизирано, но таквиот импулс е импулс на очај и замислената сигурност и утеха ќе бидат од краток век.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Рамномерното чукање на срцето на товарот кон мозокот на носителот не испраќаше никаков импулс кој обично требаше да го има.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Почнувајќи од 1917 година, по Октомвриската револуција атеизмот добива нови облици и импулси од силното влијание на марксистичко-ленинистичката идеологија за конечно во периодот на сталинизмот да дојде до силни репресии на клерот, урнување верски објекти и нивна пренамена, како и создавање први атеистички музеи во светот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тоа се електронски системи, чиишто импулси кожата ги преведува во чувство на допир.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сексуалниот импулс беше опасен за Партијата и Партијата го беше претворила во свое оружје.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но, ќе дојдеме до вистината за себе и ќе ја видиме вистината за светот и вистинското сознание за темелот на суштествувањето со неутрализирање на сопствените слабости и слепи нагонски сили, егоистичките тежнеења, побудите, рѓата, безумноста, импулсите на гревот и заслепеноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во тој поглед имаше топлина, мекост и голема желба едниот да подарува, а вториот да го почувствува импулсот на животот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Виде- не виде, се откажа Мил од тоа и продолжи натаму да експериментира во лабораторијата подложувајќи ја смешата на овие аноргански елементи на ултравиолетовото зрачење и електрицитет и високи температури за да предизвика импулс во синтезата, во создавањето на органската супстанца.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Постојано имав слушано за „неодоливиот импулс да се разголиш“ од разни клиенти.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
На ова место анализите ни се вкрстуваат и влеваат во заедничко уверување: ние зборуваме на крајот, во последната етапа на лажно вдахновение на критичката свест, чии последни импулси можат да се спасат само под услов фрагментарно да се развластат, прецизно да се локализираат и формално да се дисциплинираат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Без леќи ракавиците и облеката се елегантен начин на давање импулси на компјутерот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Само што тие звуци ќе бидат неподносливи тишини, тие зборови ќе бедат крвави дождови, а тие погледи сиви сенки, рушевини, висечки градини во кои верував дека ќе го живеам сонот, а сега гнијам, умирам, немоќна пред стравот да признаам дека тој сон беше страст, импулс, желба, глад за моќ, но не и судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Без импулси за животот околу себе паѓале на земја по првите прегратки со жените и со мајките и се распливнувале во нејасни, распарчени и испреметкани соништа, пред тоа преслаби да ја голтаат и да ја издржат ракијата што сосила им ја сипувале помеѓу испуканите и раскрвавени усни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И покрај свесната американизација и комплетното приопштување и реализирање во американската средина, Христов го задржал својот етнички импулс и со своето творештво полифомски и трајно се врзал за Македонија и дијаспората.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дефиницијата од речникот е речиси иста но ниедна од овие дефиниции не ни го понудува она за што зборуваат клиентите; т.е., клиентите велат дека на разголување ги гони некаква присила: неможност да се одолее на импулс, нагон, или искушение да се изведе некоја акција која ќе ѝ наштети на индивидуата или на другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Импулсот за раскажување на страдањето е средишен мотив за наоѓањето на гласот низ, со кој повторно се зема во поседување и се обновува чувството за конкретност на личното искуство.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Младешки неоптоварените уметници на групата „Мост” се служеле со чисти бои и линии што го следеле моментниот импулс.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Неговата фасцинација од визуелната досетливост и богатство на духот кај децата, е поврзана со неговиот необичен личен однос кон сопствените спомени и импулси од детството кои што останатите возрасни така сигурно и претпазливо ги закопале вон досегот на свесноста.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Според должината и гласноста на аплаузот се одредува степенот на расположбата на примателите на творечките импулси.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)