индекс м.

индекс (м.)

Тогаш и му текна за индексот, па го побара со погледот на масата и на креденецот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоталитарниот фанатизам на калифот Омар, покажан со запалувањето на драгоцените книги на Александриската библиотека, ќе го покажат и протагонистите на Римската Империја кои ќе го воспостават индексот на забранетите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше мојот втор по ред неисполнет индекс.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
До проширување на опсегот на здравствената контрола на 95 која мора да бидат подложни работниците дојде со изменувањето и дополнувањето на ЗБЗР од 19.02.2013 година, според кој здравствениот преглед на работниците опфаќа и анамнестички податоци, статус по системи и антропометрија, односно тука се мисли на проверка на телесната маса, телесната висина и индекс на телесна маса, основни лабораториски анализи и тоа седиментација, крвна слика во која проверка спаѓаат еритроцити, хемоглобин, хематокрит, леукоцити, гликемија, холестерол, триглицериди, урина, шеќер, протеини, билирубин, уробилиноген, седимет, испитување на функција на видот како што е острина на видот на далечина и во близина, аудиометрија, спирометрија, ЕКГ, како и радиофотографија на граден кош која контрола се спроведува само по одлука на лекарот. (чл. 1 од ЗИДЗБЗР/19.02.13)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Вооружен со научните императиви на социјалната антропологија, Вашер де Лапуж откопува на илјадници черепи по гробиштата на областа Еро за да го измери нивниот „кефален индекс“, па - по десет години теренски истражувања - на Ренан, кој мислеше дека може да прогласи дека „нацијата не е синоним за расата“, тој му одговара: „Ни во семејството ниту во нацијата не се стапува со проста одлука.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој ќе види и во Татко друг Дон Кихот од Исток со спасените источни книги, кои потешко можеа да се најдат во индексот на забранетите книги зашто поголемиот дел од нив беа пишувани на старотурската османица, а тој во градот веќе се сметаше за неприкосновен познавач на овој јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште еднаш се пребара по џебовите, но индексот го немаше, освен ако не беше на некое трето, дотогаш неброено место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Единици изведени тргнувајќи од основните единици Изведена величина плоштина волумен брзина забрзување бранов број густина, масена густина специфичен волумен густина на електричната струја јачина на магнетското поле концентрација (на количество супстанција) луминанса индекс на прекршување 427.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Даворин од „Индекси“ со својот специфичен глас ја пееше „Не дај се срце“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)