инженер (м.)

- Ќе останеме, ќе останеме! - неколкупати повтори инженер Александар, со чувство на виновност дека само пред половина час предложи да ја напуштат планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Главниот инженер ме советуваше да барам да се стават водомери за во иднина, во случај на кризни, сушни периоди, да може да се ограничува и да се контролира потрошувачката на вода.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше дваесет и први јуни, кога главниот инженер извести дека најпосле работата е завршена и водата може да потече.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со диплома на градежен инженер се вработив во Дирекцијата за обнова и изградба на Скопје и ја градев Народната и универзитетска библиотека, Архивот на Македонија и Институтот за национална историја, Театарот на народностите, Музејот за современа уметност и комплексот музеи на Македонија и други објекти.... Таков пат поминав...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А инженер Александар живее на другиот крај на градот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имав среќа со инженерот кој добро ја контролираше работата и кој, и кога ќе се појавеше некој застој заради големо дрво, или карпа, ме тераше да не гледам на тоа како на голем проблем, дека машината и неговите луѓе тоа ќе го совладаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги виде археологот, инженерот и Денко како се упатуваат кон Селиште, на својата секојдневна задача.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во претходниот ден на ова место инженер Александар беше откопал мраморно стапало од човечка нога, па сега, нестрпливи да дознаат понатаму, зафатени од истражувачката треска, сите копаа со мисла: ќе успеат ли да го пронајдат и телото од скршеното стапало.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Партизаните бараат дваесет пиштоли и инжинерски ножеви, ножици за жици за запалив експлозив.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На пример, за еден инженер или лабораториски хемичар логично е да се претпостави дека ќе имаат потреба за поголемо количество на технички податоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Првите инженери на Хаосот можеби се Хинду мудреците кои создадоа метод за ракување со мозокот наречен Јога.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На овој саем сретнав многу стручњаци од „Треска“, архитекти и инженери, кои беа дојдени да го проучат врвното во производството на мебел за да можат да пренесат и кај нас и во наши услови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Инженерот и самиот се насмевна кога ме виде мене насмевнат со насмевка на дете што се радува на нешто убаво, а чудно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби ќе станеше инженер или доктор, како нејзините полусестри кои се родија подоцна, а вака остана слепа при очи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нема! Не дозволувам. Син ми ќе биде инженер и ништо помалку од тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се качив во возилото на инженерот и, набргу, стигнавме до еден голем хангар, изграден на една чистинка, на периферијата на градот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тука беше секцијата за телевизиски програми, со нејзините инженери, продуценти и тимови од артисти специјално избрани поради нивната спсобност за имитирање на гласови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тука е и инженерот Александар, повоздржан е, таков му е карактерот, но пресреќен е што се нашол во средината и во настан за кој никогаш не помислувал дека може да се случи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе