инстинкт (м.)

Инаетот повеќе може да се насети во човековиот инстинкт, во делот на неговата анимална природа, недовршеноста во еволуцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Инстинктот на самоодржувањето и на козите и на луѓето беше слеан во заедничка отпорна сила што не можеше да се уништи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Заедно беревме цвеќе во вазна со црвено вино преполнета во оваа врелост со оружјето на најголемиот инстинкт, ја сруши вазната и протече црвено вино...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одбрав тема во духот на мојот балкански патријархален инстинкт, од нашата неприкосновена тврдина низ вековите семејството, во чиј методолошки пристап не можев да се ослободам од принципите на дијалектичкиот материјализам, во рамките на славната советска наука по Октомвриската револуција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Инстиктот на будење со труба и нејзиното отсуство му овозможи речиси да преспие половина од денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, и покрај нејзината вродена бунтовност и инстинкт за самостојност, немаше сила да одолее на погледот и мекоста на неговите раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не малку пати, кога минуваше со козите крај ридот на Калето, козите бргу како по некој оживеан инстинкт што им го должеле сигурно на своите далечни диви козји предци неприкосновени господари на стрмните балкански планини се искачуваа по карпестите засенчени стрмнини на ридот до кои не можеше да стапи човечка нога...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ѝ завидуваа на вродениот инстинкт кој заедно со нејзинита проникливост секогаш ја правеа посупериорна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа е само инстинкт, кој не може да не биде послушан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од еден член на Партијата се бара не само да има исправни ставови, туку и исправни инстинкти.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се живее од денес до утре, од недела до недела, вртејќи се во сегашноста која нема иднина, беше непобедлив инстинкт, исто како што белите дробови секогаш ќе го земат следниот здив, сѐ додека има воздух на располагање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чанга обично одеше докрај во извршувањето на науменото, немаше сила што можеше да го сопре, особено кога го водеше инстинктот на вистината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас на инстинктот му верувам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Изгледаше како да поседуваат некој инстинкт кој ги предупредуваше неколку секунди порано дека наближува ракета, иако ракетите патуваа наводно побрзо од звукот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сексуалниот инстинкт ќе биде искоренет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На луѓето им остануваше да живеат - и живееја, по навика што беше станала инстинкт - со претпоставка дека секој произведен звук се слуша и дека освен во мрак, секое движење се надгледува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со чекор на слепец чиј инстинкт е недостижен, врел и смекнат од замор, дојдов до својата хотелска соба со избледени тапети и прозорци свртени кон широка и жива улица и се фрлив врз жолтата покривка на креветот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе