интересува (несв.)
Илко нацепи дрва за фурната и излезе до кај средсело да види што има што нема, ама една работа го интересуваше најмногу: дали ќе го најде дедот Балета да му понатолче пак да појде до Рожден, белким ќе „м'сне ала" некако да ја заврте господ надесно Рожденката и да се стори себап, да се прожени.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Досега нашиот народ се интересуваше повеќе само за полна политичка автономија, а во националните наши интереси допушташе башибозучки да му се набркуваат разни неканети гости, како: Бугари, Грци и Срби.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Неда се направи небаре не се интересува за него: — Та шо дека си го сретнал! Кај кршил глава тамо?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само на Бојана ѝ поткажа, ама оваа не се ни интересуваше толку толку.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Токо сега? — тука Крчо ги крена веѓите за да ѝ покаже на Тода нешто што го интересува, а се наоѓа над неа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)