искастри (св.)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Ги оставив коските, отидов пресеков едно дапче, така нешто подебело од ракава и доста право, го искастрив и го кладов нарамо.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Само сливата трепери, истресена и искастрена на земјата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Клепалото биеше, не од камбанарија, ами од врвот на еден искастрен бор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- И нив ги испратив, велам, и сега сум дрво без гранки, искастрено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ѓорче се скамени наместо кога прецени дека една таква ситна работа можеше да го издаде, и не мрдна од местото дури Толе со големо задоволство не му ја „искастри“ брадата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)