исколве (св.)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Ќе легнам и ќе чекам пилишта да ми ги исколваат очиве.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Вам лага, мене чиста вистина, ако не, коски да ми истинат, пцишта да ме искинат, орли да ме исколваат, вземи да ме закопат, да би да ме отрујат, далги да ме однесат, молњи да ме црносаат, гламји да ме гламјосаат...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Овие птици се вистински штетници, знаат да уништат цела нива со пченка, знаат да исколваат цела градина со цреши, па така сметавме дека имаме право да ги уништуваме.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Се појави еден малку како исколван во лицето, брадата искубана, чиниш пасена тук там, а крај него една дундалеста женичка во која Коста Тапанарот ја препозна Тушимката, што пак, од друга страна, ја потврдуваше претпоставката дека човекот е попот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ако посееш царевка, ќе се спржи, што ќе остане, чавки ќе го исколваат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ќерка да биде, па ние трите очите да му ги исколваме на овој ѕвер“.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Каде е тоа просо? Го исколваа врапците. Каде се врапците? Ене ги в капина.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)