искушение ср.

искушение (ср.)

Повторно ставени пред искушенија и нови поколенија во прогон и страв повторно ставени пред гилотина за да не уништат до пепел и прав
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
На големиот одмор бев во искушение да претрчам до дома и да видам што направија.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Некои од нас не можеа да му одолеат на искушението да излезат и да видат што се случува.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Шаторот беше дом и мораше да ги штити и мажите и жените во него од сите надворешни искушенија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Та нели искушенијата ваши само покажуваат дека Бог правилно ве проценил и оти вистина сте достојни да го наследите царството Негово, за кое и страдате?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Западната наука сѐ до денес се наоѓа на сериозни искушенија да биде што пообјективна штитејќи ги експериментите од секое субјективно корумпирање од страна на гледачот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Секако дека љубовта на мечката била поголема од неговото искушение; ѕверката не се бранела и не оставила на неговата става ни најмала гребаница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Може човек да биде огорчен, во еден момент да се чувствува дури и сронат, но јас нема да паднам пред искушението на изгубена верба.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Постарите браќа не можеа да му одолеат на искушението, следени од будниот поглед на Мајка, да слезат, да се наттрчуваат со вовчето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се свртев без збор за да не паднам во искушение да земам една од румените кифлички што се испаруваа од длабоката чинија на масата и примамливо мирисаа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Човек е во искушение ова дело да си го претстави како катедрала од хартија и мастило, меѓутоа со оглед на тоа дека авторот потекнува од една повеќенационална средина, замислената претстава, споменатата градба, би требало да се поврзе колку за католички и за православни култни места, толку и за џамијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но сепак стоел смерно како човек што не бил никогаш до работ на искушенијата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од тој простуден ден до крајот на двете третини на патот, близу до Благовештение и на неколку недели пред Курбан Бајрам, искушенијата непрекинато стеснувале околу нив обрачи, и меѓусебно понекогаш да се апат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Години и години живеев во прелага дека добро ја познавам психологијата на нашиот човек, и по многу искушенија и самиот дојдов до сознание дека ни е судено да се остваруваме во јазикот: некој беше рекол дека врз јазикот сум прикован како разбојник на крст.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но секогаш го чекале нови искушенија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Те нема да наминеш до портата на случајноста... онаа порта која те доведе до искушение.. онаа која го освои твоето немирно срце...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Колку малку време мина, а народот беше ставен во искушението на навидум последното преобраќање во комунистичката религија...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Низ какви маки и искушенија минавме во следните три месеци, колку што траеше целиот подвиг на Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За миг беше во искушение да влезе во едно од сепарињата со чешми и веднаш да го прочита.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе