испарува несв.
испарување ср.

испарува (несв.)

Можеш да си валкан, нечист, неиспран, значи да имаш нечиста кошула, нечисти чорапи, нозете да ти смрдат, од мишките реа да испарува, лицето да ти е валкано, цел да си валкан, на буниште да личиш, ама пушката, е, пушката, братко, задолжително секогаш мора да е чиста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со пријатно миризлива кожа која испарува низ устата и телото.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Очите му се испаруваа од зловешта омарнина на болките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се свртев без збор за да не паднам во искушение да земам една од румените кифлички што се испаруваа од длабоката чинија на масата и примамливо мирисаа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Напротив, тоа беше здив од кој испаруваше алкохолна реа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше студено, но мене ми се чинеше дека нешто испарува во таа темна просторија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, кога се живее и се работи во него, малку е поинаква состојбата, веројатно затоа што човек се втопува во секојдневното сивило на овој град и станува една незабележителна честичка на неговото цело и затоа што со сите парижани го вдишува загадениот воздух, кој се испарува од трите милиони коли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во просторот на живиот карантин од подот се испаруваше вчерашната влага на големиот дожд.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Небаре бакарот на неговите ибрици усвитено испаруваше, толку беше жешко таа пуста вечер.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По неколку часа - нејзините хулахопки и мојата кошула стуткано префрлени преку столица, намокрената четкичка за заби, во купатилото испарува топлината од туширањето.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
А потоа пак се запали светлото над тажната трпеза на која еден татко, зашеметен од болка, ги набљудуваше вомјазените лица на трите деца коишто не се осмелуваа да погледнат накај вратата низ која мајката влегуваше секоја вечер, носејќи чинија што испарува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Велика се разбудува и носи едно стомне од бодникот меѓу врати. Ја пијам водата и водата уште в уста се вжештува и испарува. Не слегува подолу од устата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Малодушноста го разлокуваше; му се чинеше дека и самиот испарува со својата пот во едно непостоење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ќе ја трпиш ли довек смрдеата што се испарува од него?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сите пори му се отворија, испаруваа кон неа и очекуваа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Војниците зад нив ги посматраа сѐ додека не свртеа на завојот кон селото в десно и видоа како влажните алишта на грбовите им се испаруваат сушејќи се по дождот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На сите лица радост, опијанетост од убавината, од средбата, од миризбата на вкусно зготвената манџа во казаните што испарува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секоја неодреденост во природата има краток здив. Едноставно испарува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На работ на клепките му се собирал мраз. Тоа биле мигови во кои и омразата испарувала од неговите мускули.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ноември е: се менува небото, зачестуваа дождовите, сѐ се позгуснати и потешки, се набираа маглите во скопската котлина, па испаруваа како од коктел гушејќи ги минувачите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе