исплаши св.

исплаши (св.)

Само миговно посака и се исплаши мислата да не го издаде!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
1. Еден Циган без цигулка Еден Циган без Циганка Еден Циган без дружина донеса денеска Замижано над постела тој стегаше раце суви борејќи се со некого заздиван Па наеднаш грабна дизгин невидлив и атот игрив го потера сиот в пот и распеан Но в час коњот се исплаши и се сопна Тој извика на уста со топла пена румена Не го крена коњот сакан Не намести нови жици Под чергата в пламен сета замолча Еден Циган без дружина еден Циган без Циганка еден Циган без цигулка однесоа денеска.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се исплаши татко му и повторно се врати назад во Германија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Авторот се исплаши дека видливо му се вцрвенуваат образите од посраменост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но она што навистина го исплаши беше ослабнатоста на неговото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама толку го исплашил, што ги почекувал луѓето колку што се може и никогаш на никого рака не кревал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ние се искачивме на горната ледина над зимниците Јанески за да му кажеме на стрико Симо за срната бидејќи се исплашивме дека може да ја испушти и таа потплашена да му избега и да удри право во Турците ловџии.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Таа ѕирна под масата, го побара на балконот и кога не го најде добро се исплаши.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Но јас дека бев сам и првпат гледав мечка, се исплашив и ми се вкочани погледот во неа кое од страв кое од недоумица.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекаше, чекаше но никој не дојде. Се исплаши.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се исплашиле Баручиевите дека на нивните скапоцености може да се настрви некој од туѓинците во градот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Водена од своите сирови халуцинации, бев во готовност да го прифатам и ова привидение, но се појави една тетка со лоша фризура за да ме исплаши и на микрофон да проба да го објасни целиот настан.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Уште кога го видов снегот на Алилово сиот искрвавен ми дојде да извикам Крвави Водици, но за да не ги исплашам луѓето си премолчив, вели Максим гласно и не свртувајќи се назад, спрема Лазора и спрема другите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се погледнаа барајќи помош едно од друго и, кога се свртеа, видоа дека имале од што да се исплашат...
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Меѓутоа, додека со мама ја местевме масата за ручек, таа ми ја забележа преврската и ужасно се исплаши.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се исплашив за куќата... Ми удри крвта во главата и чкрапнав...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Под неговите веѓи веќе немаше очи. Се исплашив дека ме заборавил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Двесте души нѐ исплашија и нѐ нападија со еден плотун како чавките Дервиш полјакот во Бзовичко, та ќе го дочекаме Џавидпаша со две, а може и дваесет илјади души.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе