испогани св.

испогани (св.)

Помрачени умови шират раздор наметнаа братоубиствена војна удри Господе безмилосно кон ѕверот и спаси ја оваа испоганета земја
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ги воскресна, ги оживеа и ги врати назад во Библијата, во благословената земја нивна, стокмена меѓу редовите на Светото писание, зашто на земјата немаше место за нив, зашто земјата им ја испоганиле лажните богоугодници, милениците на мракот и темнината.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Волкот сега си се сместуваше на своето старо место под буката, а неговата миризба му го испогани неговиот здив и му го направи него поотровен од секој чад.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една од раните Лазорови, онаа со нож убодена, се испоганила од нешто и никако да зацели.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ви мачкавме маст со црвен пипер, со Крсто и Крстејца, старите ваши, бог да ги прости. Сега се испоганивте.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Така едноног, сакат, седи во бозјакот крај прашливото џаде, испоганет од погани усти, но не испостен.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога во време мала пладнина оттаму, од гората, се разнесе лелекањето на старецот (лелекаше и молеше тој за христијаните паднати во бојот со Турците на Марица и за сите христијани паднати во боевите со нив, лелекаше и ги колнеше Јована Кантакузен и Григорие Паламас, кои, за да се одржат на престолот на веќе разнебитеното византиско царство, се сојузи со нив, со поганците, а тие, пеколниците, кога се нашле едноаш на небранет пат, пред ништо и пред никого немало да запрат додека сѐ не изгореле и не испоганиле) сите го ожалија; си рекоа старецот, оставен сам таму во орманот, се поштукнал од умот и сега гласно си го кажува тоа што не смееше ни да го шепоти додека си беше прикрепен на умот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ние тука сите си се знаеме по нашите имиња и презимиња, а тие ни кладоа некои на - идис, -исис, -лос, со што и местото и сојот ни го испоганија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Поарно да ја немам, да ја пресечам, кога е испоганета вака!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сѐ наоколу испоганија. Сѐ е изгазено од нечистотија наразено.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Облечена лесно, во практична, врзглавна пелерина-пелена, кога ќе се испогани со лиги, со флеки, со дупчиња од жарчиња, треба да се смени.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Секој со некое одајче, ем топло да му биде ем да може да си ја отвори душата а друг да не може да му ја испогани!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не се кажува зашто некој ќе дојди и ќе го испогани местото на вечната почивка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)