исполегне (св.)
Други скраја од огнот, исполегнати на камениот црковен под и покриени со старите италијански и англиски шинели, спијат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Неколкумина, исполегнати на душеци на подот, се мачеа со уште еден здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Исполегнавме. Над нас се затворија сите врати и ни пуштија светлина, а пампурот мрдна и само полека се лулаше.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во манастирскиот двор под оревите, долу покрај реката, по чардаците, сегде каде што има сенка -преполно е исполегнат народ.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од бура или ветар исполегнале класјата, а машината за жнеење лошо ги собрала.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Неколку луѓе, исполегнати на душеци на подот, се мачеа со уште еден здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)