исполнет прид.

исполнет (прид.)

А има основи да мисли оти Императорската влада е исполнета со добри намери за своите македонски народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но не и оние што се исполнети со самочувствие за едно активно и смело делување!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Набргу речиси и последната педа од плоштадот беше исполнета од кози и од луѓе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа доведува до ситуација исполнета со црна иронија, бидејќи пациентот често игра улога на психотичен или се преправа дека тоа го прави.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Досега може не е исполнета ни половината, ни четвртината од целиот план изработен од комитетот и неговиот Главен штаб.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Човек како мене толку сензитивен и посветен, може да биде исполнет најмногу од уметноста и науката, затоа што само тие како децата можат да се сакаат безусловно и секогаш на истото ќе ти одговорат со дупло поголема љубов, ако ги сакаш и негуваш на вистинскиот начин.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Беа и едни лити завивања во колениците, и боцкаво трпнеење во подноктиците на рацете, блажеви во слабините и она познато чувство за здивот, исполнет и затнат од некаков снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Деновите по разврвените Солунски улици исполнети со униформи, питачи, заводливи жени и исплашен народ ги минуваше во размисли и потрага по смислата на она што веќе беше сторено.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Чекав исполнет со чудесијата на спокојството во себе.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа е задоволство што сексуалната исполнетост не го застарела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Минималната плата е дефинирана во чл. 2 во ЗМП и истата гласи дека минималната плата претставува најнизок месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да ја плати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Стопати ти напишав и толку пати се избришав, но тоа беше вентил за мојата душа, исполнета со таква тешка, смртна тага која трае и се прелева од една во друга форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Изборите се добиваат со платени реклами исполнети со моралистички слики, емоционални драматизации и малициозни измислици.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имаше и такви кај кои, откако ќе им ја излижев сјајната и блага шарена обвивка, ќе стасав до делот исполнет со сол, а тој толку многу ги печеше заборавените рани и потсетуваше на лажност и на измама.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неговиот пријател Студентот очигледно бил исполнет со ведрина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Наликуваше на вработен во касапница чијшто работен ден бил исполнет со завидни деловни успеси.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Фоајето беше исполнето со викотници, кои доаѓаа низ една врата во дното, која беше ширум отворена и на која беше испишано, дека тука можат да влезат само луѓе на берзата - берзијанерите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Луѓето се посиромашни од кога и да е, но со големи идеи кој го чекаат денот да бидат исполнети.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сеќаваше, нишанејќи, како е исполнет до врвот со една таква наостреност, исто како самиот тој да беше она зрно во неговата цевка, што требаше секој миг да полета натаму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе