испревари (св.)
Можното отсуство на очекуваната реакција во комедиите режисерите го испреваруваат со пуштање на „вештачка смеа“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
-Сите нас нѐ испревари на тој пат до херојството твојот син а мојот сакан и незаменлив другар и соборец Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се исправи на коњот жив, та дур на Махмуд му се здаде јатаган да фати - Испреварен, му зајде здив . . .
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Затоа ние први ќе го испревариме.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Веднаш да одите додека некој не ве испреварил... “ рече Васко и се сврте кон Еда: „Ти имаш со што да станеш свој човек. Не го гледај овој копук Марка...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
СТОЈАНКА: Може да испревари некој друг. Кој превари, тој товари.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
„Како не помислив на тоа. Ами ако задоцни Патрокле? Ако го испревари џелатот?“
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Малечката Пелагија ги остави без зборови, оти и во нив самите се таеше едно такво чувство, ама таа, златната, ги испревари.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
За да ја испревари во прашањето, Грдан ја извлече рака од зад грб и ѝ подаде нешто завиткано во украсна хартија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)