испрекинат прид.
испрекине св.

испрекинат (прид.)

Извиците се мешаа со испрекинатото одѕвонување на црковната камбанарија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Испрекинато свирење беше знак дека наидува некој непознат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И уште, криејќи ја од нив својата освестеност, само заради тоа што немаше сили да им одговори, можеше да го слуша како пробучува под него оној нивен тих, испрекинат од саповите, што ги носеше зачекореноста и умората, говор: - Го оставивме сам, толку време, - рече недовршувајќи од заздишаноста оној напред од неговата десна страна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Речникот на „Мост” набрзо бил збогатен со магијата на маски, со острите испрекинати цртежи и со грамадната цврстина на фигурите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А појот, ту близок, ту далечен, ту длабок и растреперен, нескладен и испрекинат, се растура во ноќната тишина тажновито и пејовито, потсетувајќи на еднаш изминатото време што наврапито го однесоа и го однесуваат времињата крвави и мрачни...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Испрекинато липање стегнува грло. Стежнува болката, гори и копа та раскопува споменот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во целата таа мака, блед, испрекинат зрак му се плеткаше во душата: што не избрза и не испрати абер во Ресен: „Барем татко ми да не црвенее пред овие...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
После ќе гаташ над моите рецки над испрекинатата линија на судбата срочена во 64 хексаграми на енигмата а тој ќе вметнува во ребусот по некоја права, проста, прозна и позитивна цртичка. Машки синопсис!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Можеби ќе речеш, миличок, дека во овие времиња на транзиција мнозинството луѓе се налик на Врапче, се „муваат“ и трчаат со испрекинат здив.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Радиото запре. Таа нервно почна да го врти копчето. Помина неколку пати со стрелката долж целата скала. Од секаде испрекинати, остри звуци на џез музика...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговите зајадливи пародии и напади против германските малограѓани, војници, воени богаташи и укочени чиновници Валтер Сокел точно ги означи како паралели на Стернхајмовиот испрекинат дијалог.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Фигурите тропаат, судирајќи се – коњот со кралицата, топот со пионот, во испрекинатиот од по црно-белата табла.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Се слушнало само некакво суво дишење, болно и испрекинато, човекот можеби се засркнувал, додека и другите околу него не почнале да дишат како и тој, претсмртнички или пијано, потоа тој Јане Крстин офнал и се занел на една страна, тогаш кога сите знаеле дека од негде некој стрелал кон нив, кон сета толпа, сеедно во чие месо ќе се забие оловото од бездруго долгата арамиска, беговска или измеќарска пушка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Липањето стивнуваше, сѐ потивки беа брзите испрекинати вдишувања и бавното одолговлечено издишување; јас останав со главата во перницата, брат ми остана покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Иринка дишеше испрекинато и брзо. Градите ѝ шумеа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во испрекинатата ограда од спротивната страна на полето, групите брестови дрвја се нишаа сосем благо на ветрето, а нивните лисја се мрдаа во густа маса, како коси на жени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Домашните работи се мојот часовник и времето секој момент ми е испрекинато.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Таму горе, во ровот... - зборува тој мачно и испрекинато и капе та капе под него крв - во бункерот, мене, кого го нарекоа херој, стравот, ужасот секогаш беа до мене,..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Рада, која го слушаше овој испрекинат разговор, веќе разбра дека на повидок беше уште една лоша вест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе