истажи (св.)
И после ја натерал да врзе црна шамија и да клекне да го истажи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Па, кога се мртви, дајте им на кутрите мајки нека ги истажат барем.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
- Богородице Мајчице, научи ме со која душа две умирачки да истажам?...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
И го кренавме девојчето, Роса моја. Го однесовме, го запретавме. И седнуваме на гропчето да го поплачеме, да го истажиме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
САМИ никнале... жолто цутат над могилите... Ничкум помоли се и истажи ја болкана... ***
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Страшна беше неизвесноста. Молчењето. Немаше никого пред кого да се истажи.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)