истек (м.)

Страната која бара раскинување на договорот не може да се повикува на променетите околности што настапиле по истекот на рокот определен за исполнување на нејзината обврска.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еднаш Игор Лозински му рече на Татко, а на тоа сега убаво се сеќаваше додека се ближеше кон крајот на истекот на реката, дека руската емиграција е нов феномен во универзалната историја на човештвото, што можеше да се спореди само со егзодусот на еврејската дијаспора.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
9 Јавни работи Во врска со ангажирањето на невработените лица при изведувањето на јавни работи погоре веќе беше спомнато дека одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи доведува до престанок на водењето евиденција за дотичното невработеното лице и негово бришење од евиденцијата на невработените лица, при што тоа може повторно да се пријави во Агенцијата за вработување по истекот на една година (чл. 9 и 10, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На тој начин, би дошло до зголемување на бројот на невработени, бидејќи работодавачите ќе им ги раскинуваат договорите за работа на определено време на работниците пред истекот на петте години, наместо да ги трансформираат во договор за работа на неопределено време.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Потоа доаѓаа на ред јаболката, а на крајот, на истекот од зимата, кога сѐ веќе ќе се дојадеше, доаѓаа на ред дивите јаболчиња, киселиците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во шеесетите години на минатиот век во Струга, на брегот на Езерото започнаа да се собираат значајни поети првин од Македонија, па потоа од Југославија и на крајот од сите континенти на чудесни читања песни на мостот на истекот на реката Дрим, која се влива во Јадранското Море, на претставување на славен поет во Катедралната црква Света Софија во Охрид, на средба крај манастирот Свети Наум, на самата граница меѓу Македонија и Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука беше, првин, неговата цариградска диплома, со која стана кадија, па нејзината нострификација во монархистичката родна земја, па потоа нејзината валидност од времето на окупацијата, во градот на истекот на реката од Езерото.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Предвидена е и обврска, во случај да ги отпушти работниците кои ги вработил по основа на овој закон пред истекот на периодот предвиден со овој закон, работодавецот да го врати износот на надоместените средства во еднократен износ со банкарска камата на средства по видување, освен за бројот на починати работници и работници на кои им престанал работниот однос по сила на закон (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, наведените асоцијации можат да поднесат барање за преиспитување на репрезентативноста, по истекот на период од една година од денот на донесувањето на решението за утврдување на репрезентативност (чл. 36, ЗИДЗРО/окт.09); г) со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, покрај веќе опишаните новитети, во преодните и завршни одредби на ЗИДЗРО/окт.09, беа предвидени уште четири нови членови поврзани со оваа тема:
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А и според КСС, само оваа одредба од измените влијаеше негативно врз правата на работниците, но тие велеа дека овој член од Законот и порано не се почитувал, па работниците не се обезбедуваа со договор за вработување долго време по истекот на предвидените (четири) години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Игор Лозински, кого судбината го беше казнила на горкиот егзил во светот, напуштајќи ја Русија во пламен, најде последен пристан на истекот на реката од Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко, сепак го очекуваше последниот сигнал за да замине или не од градот на истекот на реката од Езерото, кој зависеше од исходот на последната битка од борбата што ја водеше Цветан Горски со властите за судбината на патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А ако работникот продолжи да работи и по истекот на овој рок, при што веќе не се бара тоа да биде во наредните пет работни денови, туку доволно е барем и еден ден – работниот однос, по сила на закон (ex lege), се трансформира во работен однос на неопределено време.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, е должен во јавниот оглас да ги наведе условите што се бараат за вршење на работата, рокот за пријавување, кој не смее да биде пократок од пет работни дена и рокот во кој работодавачот по истекот на рокот за пријавување ќе изврши избор, доколку со друг закон поинаку не е определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Штрајкот на солидарност може да започне без спроведување на постапка за помирување, но не пред истекот на два дена од денот на почетокот на штрајкот за чија поддршка се организира.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
13. НОВ БУНАР КОПАЈ, ВО СТАРИОТ НЕ ПЛУКАЈ - зашто и водите подземни скршнуваат патем, не се знае на каков истек ќе наидеш тука - еднипати свеж и бистар, другипати матен...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Сите права, обврски и одговорности на вработените работници новиот работодавач е должен да ги обезбеди најмалку за една година, односно до истекот на договорот за вработување, односно колективниот договор којшто го обврзувал претходниот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Едноставно, затоа што отсега секој ќе знае дека мајсторот на најмалата земја на светот, багодатната Дардаванија, покрај се друго, по истекот на 365 дена, со својата волшебна рака, вдахновеа со живот и убавина, на светот ќе му донесува по една незаменлива убавица, Нова Година.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Од 1961 година, кон крајот на август, во овој мал град се одржуваат Струшките вечери на поезијата: на мост на истекот од езерото, каде што се формира Црн Дрим, се читаат песни од поети од светот, таму каде што јагулите-женки го почнуваат своето патување кон Средоземното Море потоа кон Саргасовото Море, кога се ближи времето на затворање на животниот циклус.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ако поинаку не е договорено или во местото на предавањето на предметот вообичаено, закупнината се плаќа полугодишно кога предметот е даден под закуп за една или повеќе години, а ако е даден за покусо време, тогаш по истекот на тоа време (чл. 586, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе