истоштен прид.
истоштеност ж.

истоштен (прид.)

- Распарлива воздишка ѝ поду и ѝ развали гради, се испомешаа мислите, а измореното и истоштено срце трепери, замрува, се стега во болката на очајот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Истоштена од семејните грижи, кревка, без некогашната енергија кога ги раѓаше другите деца и долго време ги доеше, некои и по една година, нејзините гради останаа речиси пресушени за последната рожба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Истоштена снага се заниша како езерска трска под ударите на ветерот и езерските бранови ... дури тогаш од душата ѝ се откорна некаква тажалка - де молитва, де клетва...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Крај шупливото дрво минал истоштен човек.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И тие изгледаа болно и истоштено.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но уметникот не може да се задоволи со истоштениот или сопствен живот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Татко ми, без да сака, го прекина кога му покажа една друга слика на која коза лулее детенце во колепка, крај мајката истоштена од куќните работи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Истоштениот чувствувал на овој пат дека видовитоста не му е туѓа, дека за чудовиштето што ги следело ноќе знае повеќе од другите. Ја нишал главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев истоштен. Облеката на мене беше натопена со некоја студена, леплива течност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Вистинскиот свет е оној што го нема или е преку непосредниот живот истоштено чудовиште.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во триесет секунди, пред моите очи изминаа триесет години, можеби и повеќе, четириесет, педесет, и јас се видов истоштен и намален, двојник на брадестиот Водомар или на човекот со два гласа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Учителката испратила една торба јаболки и јас отидов онака истоштена од маларијата и почнав да вежбам за пеење.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кукулино, пред тоа, преку ден, старо и истоштено пциште без живот и инстинкт да се одржи, сега е ѕвер што блуе од себе пламен и закана за набожниците.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И кога се враќавме испотени и истоштени, пред портите од бодликава жица нѐ пречекуваа наши врсници со нарамени пушки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Со компирите што му останаа ја нахрани Стрела, која, сѐ уште исплашена и истоштена, лежеше крај огништето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неговото лице, видено од долу, изгледаше грубо и истоштено, со жебурки под очите и со уморни брчки од носот до брадата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наблизу пиштат локомотивите со новите транспорти на живи луѓе со истоштени лица, најчесто со згаснати погледи и пресушена болка на откорнатици, луѓе што брзо, веќе навежбано се товарат во добиточните вагони кои поаѓаат проследени со пискотите на жените, викот на уплашените деца, занемените мажи, воздишките на средовечните, шепотливите молитви на старците пристиснати во своите први, подвижни ќелии, на луѓето што од страв се измокруваат во својата облека, на децата што несвесни за ужасот кој ги обзел нивните семејства, бараат простор за игра, во вагоните тргнати за далечната Полска во кои има едвај место за стоење.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го видов на телевизискиот екран стариот палестински раиз како стапува на француско тло, истоштен од болеста, со белата нарасната проретчена брада, со изгубениот сјај во очите, со задржаната насмевка, како на жива статуа, со живост задржана само во влажните очи, во пиџама, со сина волнена капа, во придружба на туниски и јордански лекари и неговите најверни соборци од претседателската гарда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Истоштениот човек се тетерави за да работи таму каде што секоја работа е залудна, а навалата на просечност сѐ опфаќа...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Таму којзнае како ќе издржи: премногу истоштен и снеможен ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе