исчукан (прид.)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Просторија со низок плафон, преполна со луѓе, со ѕидови потемнети од допирот со безбројни тела; исчукани метални маси и столови, поставени блиску еден до друг, така што луѓето се допираа со лактовите; искривени лажици, накршени подавалници, груби бели чанчиња; сите површини измастени, нечистотија во секоја пукнатина; и еден киселкав, измешан мирис на лош џин, на манџа со метален вкус и на нечисти алишта.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа, откако исчуканото жито ќе го извееја и просееја, низ дрмон па низ решето, и додека другата челад го прибираше во амбарите, тие `ржаницата ја носеа на бунарите,ја положуваа во коритата за поење на добитокот, а потоа коритата ги наполнуваа со вода.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сета сум исчукана во паметот, сета пренесена, таму.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во секој момент од животот на кој можеше јасно да се сети, никогаш немал доволно за јадење, никогаш немал чорапи или долни алишта што не беа полни со дупки, мебелот секогаш беше исчукан и расклатен, собите недоволно загреани, подземната железница претрупана, куќите се распаѓаа, лебот имаше темна боја, чајот беше реткост, кафето имаше вкус на помија, цигарите ги немаше доволно - ништо не беше ефтино и го немаше во доволни количества освен синтетичкиот џин.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Доколку сосетката со златни дамки на лицето се омажи, се скраси намалена во сенката на заштитникот, нивните исчукани домаќини со темни сенки под очите од неспиење ќе се смират и не ќе скокаат ноќе од сламарниците и рогозините да се движат призрачно нечујни по селото како плеснати по тилот со биволски опаш.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ во него изгледаше исчукано, изгазено, како место кое штотуку го посетило некое големо насилно животно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Толку занесена, исчукана од умот. 67.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Покрај каминот имаше едно исчукано нафтено ќумбе, едно тенџере и две шолјички за чај што му ги даде на употреба г. Черингтон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Господе, море исчукан еден! Ракијава ти го земала и умот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)