кадар м.
кадар прид.

кадар (м.)

Познато е дека Македонија со своите млади високообразовани, но и невработени кадри кои немаат средства за егзистенција можат да направат економско чудо доколку го понудат своето скапоцено семе.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Раздалеченоста како маниристичко средство и знак за сублимација често дејствието на долгометражните филмови на Гринавеј го одвојуваше од поширокото прифаќање на гледачот, од вообичаената наизменична смена на психолошки убедливите кадрови кои осигуруваат непосредност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да ја знаеја овие кадри, овие догматски сили тајната инструкција за трансформацијата на козарите во индустриски пролетаријат, сигурно не ќе поминеше добро партискиот секретар на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во кадарот по грешка влегува бела птица и го упростува впечатокот. Лирски јасно и банално.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Всушност неочекувано ми се прикажа како во филмски кадар дека Пачев е хирургот кој дошол да го размрси јазелот на спомнатата незгода на атлетичарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во традициите на дамна востановените дипломатии постои логична и функционална пропорција на дипломатските кадри кои се формираат од матрицата на институцијата односно Министерството за надворешни работи и страничните политички именувања, не поголеми од десет проценти, најчесто одредени според волјата и диктатот на новиот шеф на државата, на Владетелот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но освен малкуте тврдокорни партиски кадри, сите други, вклучувајќи ги тука и вишите и нижите службеници, скришум, да не видат другите, се снабдуваа со козјо млеко и млечни производи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- И ова го рече тогаш на советувањето и си спомна уште дека посебно подвлече: Преминувањето во класична војна за партизанските кадри кои неопходно ќе се судрат со стручњаци и воени специјалисти, за партизанското движење ќе биде катастрофа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фаталисти, вие сте штетни фаталисти, ги прекоруваа по разни поводи догматските кадри во комитетот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На 17 декември 1912 во Тиквешкиот округ со Указ била воспоставена српска полициска власт што почнала да функционира од 1 јануари 1913. Причини за востанието биле воспоставување на српската власт, отворањето на српски училишта и цркви, биле формирани нови општински управи, а кадар се доведувал од Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со цел спречување на активноста на партиските кадри бугарскиот окупатор ги ангажира покрај војската и полицијата и целокупниот административно просветен и друг апарат до тој степен што било многу тешко да се превземе било каква аткивност, а таа да остане неоткриена од власта.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Така е кога во комисијата ќе ви доделат неписмени кадри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На овој начин, со ваквото формулирање се отвора сериозен простор за превработеност во јавниот сектор и за злоупотреба на институциите, преку вработување на кадри чија компетитивност и стручност е спорна, а наместо тоа се отвора можност за вработување на кадри согласно нивната политичка подобност, што е спротивно на овој Закон каде се јасно пропишани начелата на стручност, компетитивност, професионална етика, непристрасност и објективност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Но, што и да се случеше, козите сепак останаа трн во окото на партијата, особено кај нејзините кадри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За разлика од самите соништа, фабриката во којашто тие се произведуваат не изгледа убаво... како впрочем и секоја друга фабрика: има тука разни маслосани машини, и бучни апарати, и големи зачадени оџаци, и смрдливи отпадни материјали, и привилегирани шефови на смени, и млади преамбициозни кадри, и необработени сировини, и стечајни работници, и ученици дојдени на пракса...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тажните гласови на репортерите, долгите кадри, сликите на мртви тела, погреби, лешеви завиткани во национални знамиња, ритуалните примања на воените одликувања, толку слични на примање хостии, ужаси проследени со балканско новокомпонирано дрндање, шлагери што со фолклорно дерење му се закануваат на непријателот дека ќе биде уништен, сиот тој новокомпониран патриотски фалш, таа кичерска пропагандна индустрија на војната - сето тоа се крчка во балканскиот лонец помеѓу трагедија и фарса, страдалништво и рамнодушност, сочувствување и цинизам, гроза и пародија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И ако за момент заборавите кои сте, кога ќе ги затворите очите сетете се на оние чисти кадри и инсерти кои со брзина на светлината ви се отсликуваат во умот, моментите кога ја чувствувавте среќата и радоста во вашето срце без обврски, оправдувања и должности.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој се згрозуваше до кој степен козјото прашање, како нова рожба на сталинизмот, ги обзема партиските кадри, луѓето во власта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кадар втор: Грубо нарушување на неизвесноста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој ја поставува каде што ќе му рече снимателот и му го предлага основниот кадар, го фокусира објективот и внимава на композицијата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Повеќе