како (сврз.)

Првпат тогаш видов дека и возрасните плачат како што научиле да плачат како деца. ,...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги поткреваат мрзливо главите, како да сакаат да видат од кај студи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мораш на сѐ да мислиш, што се вели, не знаеш како ќе те разбере.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш, по втор пат како да го видов големото сонце што ми се јави и понапред.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум заборавила како се оди меѓу слободни луѓе: како се држат рацете, како се крева погледот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ гледа, и како да прашува што чекаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поодувам меѓу луѓето и слушам некои зборови и како познати и како непознати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заедно ја делевме судбината, ние живеевме со козите, како што би рекле вие, „бескласно”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но не можеше да објасни како и од каде можела да се појави толку високо во планината во тоа зиморливо утро.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Впрочем, како што ми се врекна, со кој успех сум можела јас да се презентирам?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Името Бугарин во Македонија сега нема место, зашто веќе цели 25 години како живееме ние Македонците одделен живот од Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но неговите раководители мислеа друго: тие во иднината, како и во сегашното, го гледаа само тоа што им е пријатно да го видат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие раководци ги прават сите усилби да ги покажат мотивите и самото движење како што им се сака ним; ама работата е оти не само ние, ами и другите имаат разум и очи да видат и да разберат како е вистината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие мрсници се способни на сѐ. Тие, како што може да се види од твојот случај ви ги менуваат имињата за доказ дека вие божем сте Бугари...
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А младите, говорат како поповите живеат на грбот од народот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Една летна вечер, кога тих ветерчок им ги мрсеше косите на тополите, зашепотени нешто весело меѓу себе, кога штурците застругаа по жиците од своите тамбури ако некој поминеше преку старото дрвено мовче кај бавчите, можеше да види како накај Аврамовата колиба нечујно се приближува нечија сенка.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И кај двата мита може да се забележи дека го содржат уверувањето дека таму некаде во неодредената иднина, автоматски, животот ќе биде подобар отколку денес, како и залажувањето и самозалажувањето дека сивилото на сегашноста е нужен предуслов за розевоста на иднината.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Националната бугарска целина, во која се однесуваа Бугарија, Тракија и Македонија, не може да се зачува, зашто нема таков етнографски центар што може здраво да ги соедини тие три земји, како што се соединети српскохрватските земји, нема среде тие земји едно најраспространето и еднакво оддалечено од сите нивни краишта наречје што да ги привлекува околу себе периферните наречја и да распространува општо национално сознание меѓу сите што зборуваат на тие наречја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исто така мнозина ќе забележат оти малите држави се однесуваат со таква недоверба кон улогата на Бугарија во Македонија како што се однесуваа големите сили кон улогата на Русија во бугарското ослободување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе