канцеларија (ж.)
Наеднаш, кога Балот сосема испари од сферата на неговото интересирање, негде попладнето, кога дефинитивно беше објавен денот на одржувањето на оваа забава секретарката Јованка влезе во канцеларијата со поканата в рака и тоа држејќи го пликот поткренат над градите, речиси допрен до нејзините розови усни.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Се гледаа сите канцеларии со целиот инвентар во нив.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во канцеларијата доминираше нејзината строгост и отсечност во зборувањето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
При напуштањето на канцеларијата Грофот стори непоправлив гаф.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Каде на друго место ќе ја видеше ако не беше наминал токму во понеделникот, во канцеларијата на другарот Јаким, за да интервенира во врска со случајот Чардаклиеви?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не знам колку е целисходно и понатаму да го влечкаме низ нашите канцеларии овој навистина непостоечки случај.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ме спика во канцеларијата викајќи возбудено и луто.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Вработените се давеа во купишта на флаери, брошури и џебни книги расфрлани низ големата канцеларија.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Јас можеби и ќе му кажев, ама мене тогаш во очите ми навреа солзи и за да не ме види, јас речиси излетав од неговата канцеларија надвор од ходникот“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога позвони и ја отвори вратата утврди дека всушност и не станува збор за канцеларија.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Цариградската кадиска диплома ќе му помогне на Татко во остварувањето на десетгодишната судиска и адвокатска кариера во монархиска Албанија, служејќи како кралски судија во неколку албански градови, а на крајот, кога не можејќи да се помири со режимот, и да отвори адвокатска канцеларија во родниот град Поградец на самата граница крај Охридското Езеро, каде што неговото потесно и пошироко семејство уживаше несомнен авторитет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Се гледаше дека газда Таки се грижеше за атмосферата во неговата канцеларија, местото каде што ги примаше своите клиенти или соработници.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Четири години ја пеев „Народе македонски...” и четири години заради таа песна го пиев грчкото масло и серев по грчките жандармериски и полициски канцеларии и подруми.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Наиде на спомнатите скали со мрежеста ограда, се качи по нив, а потоа низ долгиот ходник тргна кон канцеларијата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Срцето ми биеше, бев врапче кога тропнав на вратата од професорската канцеларија.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Утредента учителот нѐ повика во канцеларијата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Само на тие љубопитни и ситно зборлести женички им е позната адресата и канцеларијата на секретаријатот на таинствената институција во која се сортираат душите што го напуштаат животот“, му реков.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)