канџа ж.

канџа (ж.)

Претчувствуваше или виде плен во нејзините канџи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Најпосле јастребот го исправи својот лет и се упати кон брестовата шумичка на ридот, носејќи ја во канџите својата жртва.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тогаш јастребот го грабна огромниот дијамант со своите остри канџи и летна низ темницата во насока кон гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Пргава и сигурна шепа ги зари своите канџи во нејзината слабина додека беше наведната над растението.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Градот е сив, градот е див во градот се чуствува огромен јаз го газат бездомници и криминалци а градот загаден сите ги голта Се шири смрдеа од ѓубре и стока дрогирана нација плаче за Европа од зградата копа мирис на манџа целото маало во канџа на ганџа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Атланскиот Океан Аргентина ќе ја довикува со моќта на своите пробојни и универзални метафори на својата родна Шпанија, најдена во канџите на фашизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Занесена во средувањето на расфрланите мисли, не забележа како една црна сенка се спојува со нејзината. Ѝ се причини како две канџи се подготвуваа да се заринкаат во нејзиниот врат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Твојата очна рожница им ги врзува канџите.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во канџи вклештена црно руво на нејзината става... Ја оплакувам природата!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ќе живее низ другите, низ нивната жед, опседнатост и занес или низ нивните страдања...во неговите златни орелски канџи и белокоста на лавот здружена со ѓаволот и светецот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Понекоја бугарско-кинеска јакна, со неиндентификувачко чудовиште или исклештен змеј со премногу канџи и премалку заби, хибридно се вкрстуваше со модерно палто на млада госпоѓица која сѐ уште нема, или има освоено многу одважен маж.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Егзистенцијалност, на моето постоење Се сплеткав во канџите на твојата сентименталност и сензот го отуѓив...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Всушност, ѕвончето е звучен патоказ на главниот пат кон ѕвездите а за патарината се знае кој ја наплаќа, како што се знае кој има канџи и дека тие не му се за свирење клавир.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Луѓето-Леопарди со железни канџи ги раскинуваат човечките тела на парчиња, кашлаат и стенкаат...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мачорот отиде до прозорецот под мрежестата ограда и ги вкопа своите канџи во истрошениот дрвен страничен ѕид.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога ќе затропаше некој врз клепалото на порта, таа веќе не брзаше низ авлијата за да ги тргне канџата и резето, - тоа сега го правеше робот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Гракајќи разгалено, слета точно на рамото на Еразмо, ги приклешти острите канџи во неговото меко зимско палто, чувствувајќи го волшебниот предизвик на зрната од вреќата, и се прикотви тука.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но нивното цврчење нѐ потсеќа на нешто што е толку мило и скапоцено: далеку сме од канџите на оние што го зграбија Колета.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога повторно ги отвори очите јастребот веќе го држеше во своите разбојнички канџи невиното гулапче. Пердуви летаа на сите страни.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе