карлица (ж.)
Но,
кој ја губеше среќата
која беше таа
со грб свртена карлица
на кралица и на метреса, кој
рамнодушен не те оставаше
не знаев.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ѝ се бројат ребрата, ѝ штрчат клучните коски, ѝ се истраниле карлицата, оглоданите лопатки.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во основата на ’рбетниот столб, сложената коска која го спојува пршленот со карлицата и денес се нарекува sacrum.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ме гледа. Сигурно мисли на моите испупчени карлици или истурени јагодици.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)