карпуз (м.)
И акнува, му распукнува челото како зрело карпувче, потекнува црвена водичка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Приличен број заемки од персискиот јазик се називи на цвеќиња: ѓул, зумбул, јасмин, јоргован, лале, менекѓе, селвија, шебој, шишмир, потоа неколку зборови во врска со нив како: бостан, карпуз, лимон, наранџа, патлиџан, урма, ѓефтелија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)