картичка ж.

картичка (ж.)

Во прво време и таа поверува во гласините што се ширеа меѓу Евреите на Солун, дека маж ѝ е затворен таму, дури и некое време по добивањето на неговата штура картичка од Виена од која со сигурност единствено можеше да утврди дека е жив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не знам за каков привид можеше да станува збор, но наеднаш ми се пристори дека буквите што ги пишуваше Грофот, ги имав видено извезени на мали картички, помали и од личните посетници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако молчи и е многу лут, ама не сака да признае, затоа што го тргнала од пред телевизор баш додека траеле квалификациите на авто-трки, па само кима со главата и ми ја подава картичката за секој фустан што таа го пробува, тоа значи „пакувај!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој поскоро ќе пресвисне горе крај орманите, барајќи визит-карта, отколку да допушти со картичка да одговори.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За пораките што беше потребно повремено да се испратат, постоеја отпечатени поштенски картички со долг список од фрази и требаше само да се пречкртаат оние кои не беа применливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе се појавите на прагот на куќата на некој англиски благородник мошне веројатно е дека слугата ќе ви каже, Почитуваната Госпоѓа се извинува, таа не е дома и ќе морате да чекате да добиете една убава картичка Г-дин и Г-ѓа John Miller дома во Сабота, 5-ти Ноември од 16 часот - не сте повикани лично - кажано ви е дека г-дин и г-ѓа Милер ќе бидат дома и дека ќе очекуваат (можеби со задоволство) да ве видат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Мили Сашо, Ја добивме твојата картичка, која многу ме зарадува, а особено да си почнал да работиш во Институтот за славјански литератури.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А тој убав, со прегради, добро организиран, со фотографија од децата и кредитни картички кои имаат улога: од една вадиш, во друга ставаш и обратно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само мал број на рекламни пораки се однесуваат на патувања (одмор за телото!), избор на кредитни картички (со кои телото ќе плати сѐ што консумирало) и слично.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ја воспитувавте да биде беспомошна, чековни картички, цврста валута, планини во зима, мориња во лето.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кога касиерката механички ја праша: „Имате ли картичка за попусти?“ ѝ дојде да ѝ рече: „Сѐ уште не. Но затоа вие имате прекрасна шнола.“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во тој случај, кој би ги прегледувал контролните картички?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сепак се обидува, му вели: - Ќе ја испратам Садие да купи картичка, видов има многу убави...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ЕВДОКИЈА: Можеше да оставиш писмо, картичка, било што.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Дом стана сеприсутен збор во секој каталог во секоја маркетиншка кампања. Sony и другите нудат домашна забава, комуникациските компании ви помагаат да останете во контакт, а кредитните картички ви сугерираат дом во странство.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пораки, понуди за женидба, 50.000 толари, ѓубре, костени, запалка, стари влезници, пари од различни земји, телефонски картици, начнати чоколади, бонбони, фотографии, телефонски броеви, веќе франкирани писма, очигледно уфрлени од луѓе коишто ги помешале поштенските сандачиња со оние белите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Сањарење од Брамс, душо“, му ја препорачуваш додека ќорав пијан се обидува да му ја протурка на келнерот личната карта како платежна картичка од „Американ експрес“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Каде ме водите?“ Колата се колебаше малку или, подобро речено, одвај се чу некаков звук, како некој да вовлекол картичка со информација под електронско око.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе заборавев: пред пет дена добив картичка од вас во која се претставени двата брега, албанскиот и македонскиот, на Охридското Езеро со поглед на Поградец, што вие сте ми ја напишале на 18 декември 2000 година!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја истури содржината на џебовите од пантолоните и палтото на полицата пред себе – билет од синоќешното кино, сметка за струја, во внатрешниот џеб наоѓа мина од хемиско, сигурно внатре му е сѐ измачкано од мастило, но картичката ја нема. – Дај ми го шампонот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Повеќе