кафуле ср.

кафуле (ср.)

Сопственикот на кафулето не прифати да му платиме за македонскиот чај.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Меѓу две пијачки во кафулето Абориџините од сиот свет преработуваат суви сливи против запек на песимистите.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Кафулето врз една тераса му се виде привлечно, но кога се приближи, виде дека е тоа полно со џагуриња и безделници кои не можат еден од друг да се чујат поради прегласната музика што се сведуваше на обична ропотеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На влезот од кафулето неколку потпоручници на гардата, дваесетгодишни деца станаа и им салутираа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веќе третпат се договара да се најдат на кафе во некое од кафулињата во центарот на Охрид каде што, додека седеа и разговараа, Едо со задоволство рагледуваше наоколу да види кој негови или нејзини познати ги виделе и како се однесуваат кон тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ми фалеше да бидам шмизла и со шмизлите другарки да одам во шопинг и да трачарам по кафулињата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Џипови не сопираат Во времето кога почнаа првите доцни излегувања ми ѕвонеше на телефон десеттина минути пред да излезе од кафуле, а јас тргнував со кола да ја земам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Одевме на кафе во градските кафулиња, се дружевме, ме запозна со многу луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Подоцна, во кафулето, сега веќе само Ана додека одблесокот на Маргарита се повлекуваше пред стварноста создадена од чинцано и зборови, рече дека ништо не разбира, дека се вика Мари-Клод, дека мојата насмевка на одблесокот ѝ причинила бол, дека во еден момент дури помислила да стане и да го смени седиштето, дека забележала како ја следам притоа не чувствувајќи страв, токму тоа беше противречно додека ме гледаше в очи, додека го пиеше својот чинцано, додека се смешкаше не срамејќи се што се смее, затоа што речиси веднаш го прифати мојот препад среде улица.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дојде сестра ми да ме посети. Излеговме и случајно во кафулето се собравме убава стара клапа луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кружниот пат долж брегот на полуостровот е проширен и асфалтиран, начичкан со мноштво кафеани, таверни, кафулиња, ресторанчиња и мали продавници и покрај 70 – православни цркви, повеќето постари од петстотини години и изградени во византиски стил, претставува големо туристичко доживување и завршува пред малиот плоштад во чија средина во природна голема е поставен споменикот на владиката Каравангелис на чии гради со црна боја е испишано – крвник.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Помислив дека сигурно удрила четиринаеска и дека добро би ми легнало едно ладно пивце во некое празно кафуле со чисти чаршави и со добро извежбан џубокс-евергрин.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Зоре, разумно суштество, само ги подигна трите празни филџани и пепелникот полн со догорчиња од соседната маса и со неизмерната полунасмевка влезе во кафулето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Имаш право – реков, а си помислив – Охрид е полн со млади, со живост, со кафулиња, со забава, плажи, дискотеки, а Маврово... – и ми се стегна малку срцето, но во истиот миг го слушнав неговиот глас, кој некако, не знам како, почнав сѐ почесто да го наслушнувам: - Не биди како оние што секогаш мислат дека е подобро на некое друго место, на секое друго на кое што не се тие.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Успеавме преку интернет да најдеме работа во Будва во едно кафуле - ресторан, што се покажа како одлична идеја, според пресметките.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се дотерав во црно- бела комбинација со тесни бели панталони и високи чизми. Го немаше во кафулето.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повторно ќе речам, случајно се вработив во едно елитно кафуле кое се наоѓаше во близината на владината зграда.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Повеќе