качак м.

качак (м.)

Таму спиеше кај една жена од селово пребегана со маж ѝ и ќерка ѝ од качачките зулуми.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Маж ѝ нејзин отепа еден качак и доби абер дека сето семејство ќе му го сотрат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
По нејзиното заминување, луѓето одеа на местото каде што пукаше војската да видат што е станато и идеа со ифрит во душата велејќи: по никакви качаци не пукала војската, туку вежби си правела...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А стариот Курназ, кој продаваше купечки цигари а и качак под тезгата, како и по некој весник, ама владин а никако опозиционен, ја држеше трафиката благодарение на ногата што ја немаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оттука Качак почна да заостанува, да `ржи и да го проѕира мракот со пламенот на комитските очи.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А кога снема виткани цигари, почна да продава дробен тутун. Качак.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но кога наполно ја изгради и кога требаше да се всели во неа, да го мине во неа остатокот од животот, качаците го уценија да плати големи пари.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ги одбранија сиромашните мариовски пазарџии од пљачката на Мусинските и Остречките качаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го зеде за раце, го извади надвор да го шета, но татко му Маруш ги пречека, ги запре, го врати Висара во собата и им рече дека тој што го отепале не бил Зенула туку некој друг качак.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Можеби качаци ги имаат отепано, господине капетане... Крстосуваат околу селово и прават пакост...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но качаците како ливоти, истата или следната ноќ, пак се нафрлуваа на селото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
— Каде можат да бидат на друго место ако не во Мариово? — го изнесе своето мислење Џавид кој имаше долго искуство во бркањето на арнаутските качаци по Албанија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Качак! грлено го извика неговиот стопан кога го виде како заостанува веднејќи ја големата глава, обрастена со сребреносиви влакна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А што се случило ноќта: качакот Зенула се обидел да влезе во куќата со својата тајфа и да пљачкосува. Во пукањето Маруш го погодил некого.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Качакот ја држеше главата провисната, гледаше в земја, сонцето го пржеше по темето, му облетуваа муви и инсекти околу устата што му пенеше и му гореше за вода, напинаше на јажињата со кои беше врзан да ги скине; гледаше во луѓето собрани околу него, гледаше во езерото што ја заплискуваше водата и со јазикот мласкаше, стружеше низ устата која сѐ повеќе му се сушеше; се вртеше и го бараше Делина да дојде веќе, да му го забуца куршумот и да го спаси од овие маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко му Силко, кој постојано шеташе низ полето и во светулките ја бараше душата на постариот син што му загина во претходната војна, го молеше да си седи дома, да не се зајадува со качаците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ниа Мусинските, Остречките, Канатларските качаци, нема пазар да не излезат горе по Слива и да не и оплачкаат нашите пазарџии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А Делин, гледајќи ѝ го лицето и телото издраскани, го земаше коњот и пушката и вртеше по сета планина да ги бара качаците.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ете, ние со Андона намислиме да одиме некоа ноќ кај Слива, да и дочекаме ниа качаците од Мусинци, Ерековци, Канатларци и Острец, шо му и зимаат ќесињата и добиците на пазарџиите, и ако можеме некој да оплескаме, да не и јадат сиромасите. Таа е наша работа засега.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Размислував дали да застанам зашто од добронамерници бевме предупредени дека има качаци кои со закана на пиштол тераат да ги возиш на југ до некој од големите грчки градови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе