качи (несв.)
Се јазев по скрките на ридот по снагата на животното со кое дружев во сонот а кога открив на преслапот лозје како да се качив на моето рамо.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Потоа тие пак се качија на моторот и заминаа во градот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Потоа се качив горе во собата и бавно пред огледалото ја вадев шминката од очите и веќе избледениот кармин на усните.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ја наместив скалата нагоре и се качив на првата гредичка.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ние се качивме на карпата и од неа можевме да ја видиме големата површина на езерото како блеска под западното сонце.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ја качивме со мака на магарето. Патот надолу е нерамен и дупчест, па магарето како клацкалица ниша со главата и се тетерави под тежината на претешкиот товар.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Всушност кога се качивме во Кулата, без да ни раскажува за замомчувањето и за тајните поврзани со него тој побрза да ни ја покаже својата срамота.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Ќе дојдат... шипинки! - радосно извика Трајче. Тенковите не можат да се качат тука в планина.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Имаше многу деца од многу села, но јас знам дека нас од нашето село нѐ качија во еден товарен воз и нѐ однесоа до унгарската граница...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Утредента ме качија на коњ и ме однесоа в град, на лекар.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Им даде знак на војниците и тие се качија на покривот, ги расфрлаа ќерамидите, ја откорнаа чатијата и почнаа да го рушат ѕидот кон патот.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Немав време да се вратам по таков начин како што се качив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Го одведов и на нашите езера, го качив на бротче и на мало кајче, ручавме и вечеравме во најубавите ресторани, а потоа одевме заедно по маказарските места.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Така, се случуваше да остават еден голем камен до кацата и јас ќе се качев на него бидејќи не можев да достигнам и ќе ги наполнев џебовите со сирење и ќе им дадев на моите браќа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Го качија на коњ и го однесоа в град кај казанџиите; тие со триста маки, со разни ножици и глета, му го извадија котлето и му ја ослободија главата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Полека, наслушнувајќи ги крцкањата, се качив по скалите и влегов во мојата соба.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Се качивме со Миќо без карти на возот што на велја сабота беше преполнет и се прошверцувавме до втората станица.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се качив во возилото на инженерот и, набргу, стигнавме до еден голем хангар, изграден на една чистинка, на периферијата на градот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)