квадрат (м.)

Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На придавките обично се реагираше со меланхолија и плачење, па им ги препорачуваа на жените - и онака тоа им беше рутинско задоволство, сега само синтетички кренато на квадрат.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Почесто се наоѓаат во форма на квадратчиња од импрегнирана хартија, со големина колку ноктот на малиот прст.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Месечината беше високо искачена и еден квадрат од светлина се промолкна во силосот, бавно ползејќи по телото на Том.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Низа многу квадрати и правоаголници се минува додека се фати возот за Западен Берлин.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јунското сонце беше сѐ уште високо на небото и долу во дворот исполнет со сончева светлина една огромна жена, цврста како нормандски столб, со мускулести црвени раце и со мокро утаре врзана околу половината, тупкаше горе-долу помеѓу едно корито и жицата за сушење алишта, простирајќи мноштво бели платнени квадрати во кои Винстон препозна бебешки пелени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И на својот практичен начин, таа собра еден квадрат прав и со гранче од едно гнездо на гулаб почна да исцртува карта на подот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Безгранична слобода“, изговори гласно и во мигот му застана нешто во главата како јазол на конец што треба да се провре низ иглени уши и погледот пак го врати на сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати: Човек седнат на клупата во паркот, лево од него и зад него високи ѕидови опшиени на врвот со бодликава жица, пред него долг пат со камени коцки до главната капија на затворот, од десната страна затворската зграда од која зад решетките го гледаат две очи сини, како синото небо над него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Точно, девојче! Само што на теренот тоа не го мериме како геометриски квадрат, туку според местото.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Најт Таун се простираше под нас како куќичка за стаорци; од малите прозори продираше светлина од свеќа, со само неколку остри, светли квадрати осветлени од батериски и карбидни светилки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Метакот беше трн во око и на младите црвени буржујчиња кои глумеа бунтовност, а живееја во станови од 120 квадрати.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Всушност тоа е истиот пат што човек го изминал низ животот на еден човек во еден час, еден ден или една недела да е снимен на лента така што секој квадрат да е сликан на секоја секунда.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Врвот на креветот (каде што се става главата) на овој лимен оглас го претставува истиот спој - квадрат и круг.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ние претставништвото не го проширивме. Шест месеци стоевме во место, а имавме конкретни директиви. Потребни се 400 нови квадрати.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Готово, печено“, вели, го клава плехот врз шпоретот и го покрива со крпа малку да истине, потоа - знам - ќе го потури со шеќер во прав и ќе го сече на квадратчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Улица, дожд. Бол во рамото. Во далечина - нејзиниот прозорец без светлост, а јас сакав да видам млечен квадрат и модра силуета во него.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Им ѕиркам во дното на душата низ очи: сенката е магијата на квадратот, удира егзија некаков нов геометриски знак, изместени се местата на играчите, страните на светот, правилниот распоред на редовите, дијагоналите, коњите, војниците, идеалот на магичниот квадрат за четворица и воопшто направена е материјална дигресија, чисто предавство на знаковната интервербална комуникација со слика, збор и звук.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не е ова првпат да цртам ромбови. Не квадрати, не правоаголници, туку ромбови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Четворица сме, исто колку страните на светот: јас, жена ми, ќерката и синот: играме шах, но не двајца, туку четворица и одеднаш: Четирите страни ги симболизираат играчите на чутуранга, страните на светот, магичниот квадрат, семантиката и семиотиката, а бидејќи и чутуранга има правило, низ некаква стаклена изѕирка на магичниот квадрат она што може да се види се гледа: песочниот часовник и истеченото време и змијата на која ѝ нема спас од границите на квадратот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Затоа тој квадрат бил сметан за волшебен знак.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Повеќе