квалитет (м.)

Имам многу дарби и квалитети, а маните научив да ги пренасочувам кон позитивни аспекти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Вие не сте интелектуалец. Што не значи дека немате други квалитети. Можеби поважни од интелектуалните.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ако сме логични, тогаш треба да признаеме оти автономијата на Македонија, за која досега револуционерите се бореа, има смисла само во тој случај ако револуционерите согледуваа во нашиот народ такви квалитети и особини што се немаат кај другите балкански народи, а се само наша карактерна црта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На тој начин Христов ја пронаоѓа својата еурека, ја реализира својата вродена и природна творечка дарба што на авторот му овозможуваат од секојдневното, обичното, локалното и специфичното да изгради сеопшти уметнички квалитети и симболи а при тоа да не ја наруши или загрози нивната реалност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Наликуваше на лице на овца а и во гласот, исто така имаше некаков овчешки квалитет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Импровизираното не може да биде добро реализирано. Овде, во оваа моја земја, има толку многу аматеризам, што тешко може да се дојде до добар квалитет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јапонската наклонетост кон посредноста и непотполноста претпоставува хомогена култура која ќе може да чита помеѓу редови, а збирот на стандардни уметнички форми и методи кои се развивале со текот на времето овозможуваат квалитетот да биде точно измерен, што му одговара на едно до детали раслоено општество.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Иако инструментот е во состојба да произведе широк дијапазон на звучен квалитет добиен со вртење на бројчаникот, тереминистите постапуваа како сензори, претставувајќи ѝ ги на публиката оние звуци за кои мислат дека ќе ѝ се допаднат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа јаде и коментира колку е фантастично јадењето, како досега не пробала такво нешто, како тој феноменално готви и како тоа е толку извонреден квалитет кај еден маж.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Машинските додатоци затоа му носат нов квалитет во смисла на способност на раширена перцепција.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа го навестува на дистанца од неколку столетија; треба да се смета токму врз таа скала, вардејќи се од тоа да се занемари квалитетот на едно мошне разнородно историско траење: неговото забрзување и неговата квалитативна смисла се такви што е можно, исто така, да се излажеме дека мудро проценуваме следејќи ги минатите ритми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Знаеш, јас сум една од оние која повеќе се експонира со гласот и квалитетот на срочените зборови во репортажата, а како изгледам јас тоа оставам да пресуди судот на моите блиски пријатели.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој има квалитети на роден писател.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Квалитетот на песната измами громогласен аплауз.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На крајот ќе изградиме мирно почивалиште за да направиме реставрација и целосно истражување на сочните, зрели плодови од животот и квалитетот на животот што го живеевме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Квалитетот и квантитетот на конкретната живеачка се резултат и последица од дејствувањето, изборот, свеста и совеста на креаторот, а тоа е човекот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Множество од еротски детали меѓу него и Рози му се појавуваа во имагинацијата - интимности кои за него имаа значење и квалитет на побожни тајни.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сигурно сте сосема во право кога велите дека квалитетот за музиката не е само идеално туку и животно прашање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Употребивме бетон од врвен квалитет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе