квартет (м.)
Со четири филмски фонографи можеме да компонираме и изведеме квартет за мотор со внатрешно согорување, ветар, чукање на срце и одронување на земја.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во почетокот се слушнаа првите тонови на гудачкиот квартет „Мала ноќна музика“ од Моцарт во изведба на музичарите – членови на симфонискиот оркестар на воениот капелник Дворжак од Скопје.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Трио труби и тромбони Квартет конги и контрабаси Караван што звучи како звездени кочии Секстет подобар од секс тет-а-тет Септет, седум серафини творат Октет, октобани, плус хора Можат да ми позавидат и кралските двори! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
По завршувањето на првиот став од Моцарт, квартетот продолжи да свири но сега полежерна музика: француски мелодии, валцери, песни, германски и американски фокстрот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
„Давењето по броеви“ своите поаѓалишта секако ги има во народните преданија и во симболиката на пејсажните игри и правила, Миметичките и дидактички својства на ликовите и односите што ги донесе квартетот „Готвачот, крадецот, неговата жена и нејзиниот љубовник“ ја отвораат вратата кон алегоричниот ужас на земските закони и појавниот свет. okno.mk | Margina #8-9 [1994]
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Пееја. Можеа да се наречат вокален квартет.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
„Прво Хајдн, последен Бетовен, ѝ дадоа уметничка вредност на оваа форма“, вели тој во написот за диригирање; подоцна во истото дело, вели тој, „чудесниот втор став на големата бетовенова Соната во це- мол“ (опус 111), „и последниот став на симфонијата ’Ероика‘ треба да се сфатат како бескрајно проширен варијациски дел.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Тој на почетокот барал големи нешта од него; постепено, неговите очекувања толку се измениле, што конечно почнал да се плаши дека Карл никогаш нема да може сам да се издржува.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Вебер ја подготвувал својата неодамна завршена опера Евријанта, за првата продукција во Виена.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во ноември 1822 година, принцот му пишал на Бетовен со најласкави зборови, барајќи од него да компонира три квартети по цена што сам ќе ја каже, кои требало да му бидат посветени.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Во својата апстракција повремено чкрткал убави мисли на маргините на своите ракописи.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Напишал ново финале за квартетот и ја објавил фугата одделно како опус 133.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)