кентаур (м.)
Свеќата на изгревот догорува На сртот играат кентаури И јас веќе се врзувам За соѕвездието на плодот Што некој ми го ставил в рака.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Со идеализам на получовек
и хендикеп на кентаур
ја оптегнувам Стрелата
како небо
како срце.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
„Олошот“ што го посетува Просперо се состои од голи или одвај облечени мажи, жени и деца, што ги носат атрибутите на нереиди, менади, кентаури и олимписки богови.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не, овој кентаур со мајчино млеко на брадата, мисли дека знае сѐ за мене, откриваше.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ти која ги доближуваш
питомите и крволочните животни
од овој свет или од некој друг свет
до Змејот и Кентаурот
или Човекот
и од сите нив правиш
Животинско Царство
правиш исклучок
затоа што
- ништо не е совршено
на банален начин!
Ти која го прелеваш
мртвото во живото
божевото во човечкото
некогашното во сегашното
чедното во блудното
почуј,
совршенството е промислена
дозирана
грешка -
Игро на метафизиката!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)