кикиришка (ж.)
Главниот виновник беше огромниот петел на комшиите, со темноцрвена кикиришка што гневно му се тресеше на главата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Немаше време за прашување, вели Јон и ги откопчува кикиришките што му висеа на предниците од палтото.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пилињата, што тој ѝ ги покажа на Рози кога беа стари само еден ден, сега сѐ уште немаа гребени и кикиришки, и личеа како мали кокошки, гиздави и убаво покриени со мазни пердуви.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еден си го испроба на земјата црвениот клун, притоа го заниша аловото кресно и ја зафрли кикиришката.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тртникот на домаќинот, кикиришката на другаров Кикерко, а на Предо од перјето да лета со колата.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)