кине (несв.)
Кога се смири малку пукањето, кога се уталожи, што ќе видиме: озгора нѐ напокриле лисја и гранчиња што ги кинеле куршумите. Од крај в крај.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И наеднаш му текна нешто: тој изрипа од колибата надвор, а кога се врати во рацете држеше голема главица зелка, од која што ги кинеше горните лисја и ги фрлаше надвор.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Може да се штеди и бензинот, и плинот, и парното греење, и дрвата, и облеката, и чевлите, може да се штеди ако не се прејадува, ако не се препива, може да се штеди ако непотребно не се патува, може да се штеди ако не се фрла, кине, валка, гази - може да се штеди, добри мои, на илјада начини, а не е потребен наук за да се совлада вештината за штедење.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ќе се молат и ќе колнат со исто зинување на устите. Ќе се кинат жените со војниците и само ќе дробат со очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ти иде и од своето месо да кинеш и да јадеш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ми се вивна нешто нагоре и почнав да го кинам весникот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни по кревките лисја ж'лтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Неговиот другар со кого во болницата лежеа во ист кревет, со забите го кине копчето на џепчето од блузата, зашто двете раце и градниот кош му се изврзани со завои, ја вади со заби сликата на која му се жена му и син му и ја моли сестрата да му ја запне на штиците од вагонот; погледнува во сликата и испушта душа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На Петрис уште повеќе му се собираат наборите на челото и му се кинат небаре бранчиња вода што се кинат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само да кинам гроздови од дробовите и да исфрлам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Токму преку тој процес на кинење концептуалната повеќезначност на модерното општество станува место на коешто се пишува нацијата”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Чувствувам како се кине и пропаѓа сѐ во мене...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ама одозгора еднозадруго ми слегуваат некакви заплеткани конци, некои пајажини ми паѓаат вака право, како голема сенка и јас се барам со рацеве и се бранам со рацеве... Ја кинам сенката со нокти и веќе почнувам да викам, не се додржува гласот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ѝ доаѓаше да кине месо од себе само да помогне, нејзиното чедо да не се јаде и да ги задржи двете најважни суштества во нејзиниот живот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сега кога им раскажувам на моите деца тие се кинат од смеење, но тоа беше мојот штос, зашто не сакав машките да се фалат дека се запознале со мене и дека сум нивна девојка.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Па дури и да немаше ништо повеќе од она што го виде тој - и сѐ додека е жива тој нема да може да се сеќава на тој момент без болка; болка која ќе му го кине срцето - сепак она што го виде беше многу повеќе од она што воопшто можеше да прифати, да опрости или да заборави.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но за децата од градот, иако полегнаа и почнаа да ја чешлаат тревата и да ги кинат крупните румени јаготки, овие шумски плодови веќе ја изгубија својата важност и привлечност.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мислам дека еден дел од лицето ми остана внатре, кај началникот: ми го кине ко крпа и си ги брише чевлите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И облеката ти се кине од студот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)