кир (м.)

- Крсто, кир даскале... - велев јас со растреперен и исплашен глас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со себе си): Види го ти него копил, и јас Грк, ама и тој погрк! (седнува прилепен до Николакија и со смеење): Бре, само што те нареков кир Николаќи и стана итар како мене.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По примерот од Челебијата, сите чауши, почнувајќи од Ѓузепа до кир Андона беа си фатиле по една посестримка од младите мариовски невевчиња и чупи и секој секоја вечер се шеткаше со по една низ боровата гора, играше до неа на орото во неделините и ја водеше во својот стан сат два пред пајдосот за неколку бели череци месечно, некоја гривна, обетки, прстенчиња, синџирчиња и за некоја и друга натпишана надница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Крсте, кир даскале... - од устата името ми се откинуваше како липтеж и врз отворените тетратки ми капеа солзи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сам ќе се пофалам: е патриот сум ти бре, кир Николаќи, не ја дадов на друг освен тебе што идеш во партијата моја.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Е ... колку пари ќе ни чинеше кожава да ја потурчеа! Колкаво леќе за вујка е кир Ристаќија! (со себе си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во мигот кога заглушувачката врева ќе ја достигне својата кулминација и ќе стане неподнослива, гатачот го повикува домаќинот да ја отвори вратата: Отвори бре домаќине, запали кира борина, врзи си гаќи в темнина да видиш лика и прилика да видиш наша невеста, како лепетит, како треперит, како полска пеперутка, како прилепска мандулка.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но јас си останав кир Ристаќи, а на него му најдов пат по кој да го пратам под ледина!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И Толе го запна бројот на мариовската курдија и до вечерта се рашета горедолу низ долината за да го дочека вечер кир Андони, да му определи обор каде ќе ја помине зимата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ха! Си стоиш ли на зборот да дојдеш во партијава моја? Да станеш Грк- кир Николаќи!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Али видовте некој зорт и ајде по полноќ „кај вујка ми кир Ристаќија“!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ех, кир Ристаќија, по малку, по малку стануваш итар како прав Грк.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Не треба! Сега кир Николаќи нека го порача прстенот, в недела ќе си направиме строј и тогаш: и благо ќе лапнеме, и винце ќе се напиеме... (го чука Николаќија по рамото). Вака ли, кир Николаќи?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Везирот го испрати и овега и го пријави следниот: – Кир Герасимос, кир Дионисиос и деспот Јоакимос од Фанара, молат патријаршиски функции за деспот Јоакимоса. – Се знае – сто и шеесет илјади аспри – лаконски одговори султанот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ИЛИЈА: Жив за среќата на малечкото да не е сироче, а за поразот од кир Ристаќија! (Арнаутите навлегуваат и ги навртуваат кундаците од пушките кон присутните).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Чекај, кир Ристаќија, не брзај за отворање, да не се сети Антица оти е дубарлак и фрц назад!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
РИСТАЌИ: Да дојдеш во мојата партија и да се наречеш кир Илија.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
КИРО: (Станува) Дојдете со брат ти Михајло вечерва во куќава на Кир Панајотис, грчкиот трговец. (Вади парче хартија) Ова е за движење ноќе. ЕВТО: Зошто?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Пак за тоа кир Ристаќија не спие, ами и прати човек да ја излаже дека Селман-ага собрал Арнаути да ја граби.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ами... А ти, кир Ристаќи, можеш, ако си сакаш, и да си пукнеш од плачење за двестете наполеони. Тоа не е ништо!...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)