кладенец (м.)
Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го намести буклето под тенкиот шупур на кладенчето и отиде кон шумичката да седне под сенка и малку да здивне од горештината.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Го грабна буклето од кладенецот и побрза до патчето кон нивјето.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ноќва е ваза длабока без сон каде ’рти цвеќето на немирот И јас немам раце да ја скршам на белото кладенче на денот Немам очи да ја ослепам со жолтите плодој на чекањето Имам само една добра песна што го кроти просторот непроспиен Песна добра како кроток кавал што го чува стадото на надите
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Дечињата повеќе на Бистар Кладенец ниту пиеја вода ниту играа.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Војници го навирале носот и им тече ко кладенче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А кајшто е коријата над селото имало седум кладенци со бистри води што ја напојувале плодната земја.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Те затворив во молк, во својот молк, а еве пак си ми тука како студен кладенец како свежа капачка в треви.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Постојано стражарел покрај кладенецот и само јачкал.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Дојде пред кладенецот, го стави шишето под шапурчето што течеше преку листот прикрепен со две чисти изворски камчиња, и кога се наполни, го фрли в уста како ништо.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Се напи вода, иако не му се пиеше и кога ја накрена лејката, му падна в очи големата плоча над кладенец.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А кладенчето беше малку потаму, речиси до она место каде што почнуваше орманот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кладенчето си ромори, како и тоа да сака да праша нешто за мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ним им беше заробен изворот Бистар Кладенец, нивното најмило место во планината, каде што ги поминуваа сите свои денови.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Отсекогаш децата од Брезница најмногу сакале некако да се најдат кај Бистар Кладенец.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Зошто не и тишина Зошто не и праг Што води во домот Слично на скали Што треба да нѐ одведат до прозорецот на душата Минуваме низ запален снег Во сончево јануарско утро Белината е кладенец Црешовите цветови Доаѓаат да се огледаат во него (Аџилак на нежноста.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Мартин, дете коешто оној ден беше со децата на Бистар Кладенец, беше заспан и сонуваше како е голем па нарамил пушка и ќе оди да го фаќа Луман арамијата.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Таа ќе ги даде сите ниви околу кладенецот, само и само Пецето да ѝ го стори дел.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој тажен го почувствува припекот на сонцето и го виде шишето во вирчето под кладенецот како, нишкајќи се, плива по површината.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)