клати несв.

клати (несв.)

Кавгаџиите гледаа со закрвавени очи во агентот а тој го збираше челото во густи ситни брчки и држејќи ја раката во задниот џеб на панталоните стегнати во тврди тесни чизми ја клатеше ќелавата глава, тогаш покриена со сламен шешир.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му завидував на висулчето од жад што се клатеше меѓу нејзините гради и тоа ѝ го реков.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Горе на врвот веќе ја имаше ставено оската на која требаше да се клати камбаната и ја имаше испомачкано со катран.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Зарем постоела некоја штета од тоа што си ги клател нозете на палубата место да ѕемнеш под студената земја“?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Малото полека го спуштив во водата и тоа преташе весело, а таа, со клатење налево - надесно, се преврте на грб и со едната нога го јавна овој нејзиниот, па се исплашив дека ќе му напукне бутна коска и им го подадов Барбариче... и, кога првата капка ја допре, таа веднаш го прострела со поглед и навежбаниот се исправи, го грабна детето и го свитка во бањарка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Таа се клатеше со колковите по скалите угоре, а тој, натоварен како магаре, тешко дишеше позади неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Завиваше во собите, и вратите се клатеа деноноќно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Чекореше по Глигор. Неговиот широк грб се клатеше де налево де надесно, на три чекори пред него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
14. ДАЈ МУ МИЛОСТИЊА НА СИРОМАВ АКО Е САКАТ - а не ако главата ко трска ја клати.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тој ги гледаше едно време, клатејќи глава, а после ги запраша со строг глас: – Што правите бре тука!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Додека ја слушаше, а не ја дослушуваше жената како ѝ зборува, Горда гледаше во детето - годиначе, тоа си играше на подот од кујната, седнато па стркалано, уште сакаше повеќе да лази одошто да оди, клатејќи се на ножињата како пајче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стана и, клатејќи се пијано, отиде во соседниот кауш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
4. Каде што беше црвчето сега се клати рипче а јас не сум маѓепсник.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
„А бре, дете, за кабловска вака одат на врата“, ѝ шепкам додека ѕиркам низ шпионката, а пред врата стои маж и се клати напред-назад.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бевме толку убаво расположени што по улица одевме гласно кикотејќи се како луди на брашно, се клатевме и секој час се удиравме еден во друг.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа ме кара, а дволичниот Чико гледа некаде неопределено преку прозорецот, клатејќи се на листот од фикусот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Човекот се клати пред коњот. Само понекогаш ќе се заврти наведнат за да ги види зад колата босите нозе и ќе воздивне. Не од тага. Од замор, од тежина на жегата. И пак продолжува да размислува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Само големиот часовник на ѕидот од кујната рамнодушно го клатеше своето клатно лево-десно и чукаше: тика-така, тика-така...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ветер гони, ветер ќе фати. И овој пат празнина ќе клати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Главата на Даниел млитаво се клатеше, како да беше ја изгубил контролата на вратните мускули.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе