клања (несв.)
Се нишаат така, се клањаат, му се молат на бога.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јадачите се јадачи, дали се крстат или се клањат — за мене се јадачи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Штом ќе се чуеше езанот од минарето, повикот за клањање, и штом муезинот ќе го кажеше она „Господ е голем”, Неби-ага паѓаше на коленици врз своето чергиче и почнуваше да клања во правец на Кибла, или кон патот за Мека.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тогаш се слушна езанот од минарето на џамијата. Беше време за оглен намази и кајмакамот го прекина зборувањето со ибн Бајко, и со очи замаглени и отсутни, се струполи да се клања врз сеџадето што го одвитка и посла.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Под врви Анди пасе лама Пека тато, мека мама Бела лама пасе сама Црна лама уште посама Пасе лама, клима глава Росна тревка в меше клава Пози мени, фотки, слава Чифте фрла, сегде мава Делник кротка, сиктер фама Празник бесна, чалам дама Алфа бета пиши гама Узда мека в селска нама Аздис лама прави драма Од сребро сака мека слама Да сркне само два-три грама Козја завист да крене блама Претка лама копа јама Уплав најде древна кама Доста чалам леле аман Скраја крвој аман заман Нејќе лама пиш пиш пиштако Нејќе клања ни ни никако Сака под врв Анди да е Огден Неш Заедно да талкаат пеш и да играат шеш-беш.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Се чудеше ден, се чудеше два, па продолжи да си се крсти пред своите стари икони и кандила да пали, криејќи го пламенчето од кодошки очи, ама кога требаше одеше и во џамијата и се клањаше петпати на ден.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Да му се клањаме на Алаха и на Падишахот,“ се издиша бегот, нервозно.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
На ибн Бајко му беше чудно петпати на ден да се паѓа на коленици, да се клањаш каде и да си, но срчноста на ќајата и неговата дозвола да го гледа, го правеа не само посветен, туку дури и со некаков изострен осет за работите што не ги разбира.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Зар не се клањаат сите нивни слуги пред мене и бараат милост за своите господари?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Најпосле ќајата му дозволи на Петрета да го гледа и кога клања.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Вака треба, сигурен сум да ги прават влезовите во сите цркви, ако сакаат верниците вечно да му се клањаат на господинот бог.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Ама јас на господ се клањам. Џамијата за кого е? Не сум јас вејкрпа, бегу.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Му рекоа со „сељам алејкум“ дека може да влезе во џамијата, иако не е Турчин, зашто не се благословени само оние што клањаат, туку и оние што ги гледаат клањањата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)