клетва (ж.)
А Бисера, колку го виде оти ја симна шапката и почна да се крсти, избега и не се обѕрнува назад, оти поп кога колне не треба да го гледаш: макар и другото да колне, клетвите го фаќаат тој што е крај него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јас клетва сум дал да се борам за слободата на татковината!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Таа си достоја на клетвата дека без него нема да живее.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни по кревките лисја ж'лтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Некогашните вообичаени клетви беа заменети со нов начин на изразување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан им бакна на татка си и на мајка си десница и проштење им сака за клетвата што го втаса.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Се плашеа раководителите на градот од клетвите на мајките на своите деца, на сите детства и на младоста ако им се наредеше да кренат нож против козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Со таквите клетви и зборови немој да мамиш!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Се разбрале меѓу себе со таен јазик на срцето, немо, скоро со вештина на ѕверови и со трепет што минувал од еден на друг: да се истрае, да се стори она за кое сите како еден на поаѓање дале клетва пред Успението Богородично на живописецот Михаило.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Денот ли дојде тој да се мери - мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде не тага а клетва, и во очите матни и не сакајќи сама се дига фуријата.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Утре, дај Боже здравје, одење в град и назад нема да се вратам од овие тешки лакрдии што ми ги рече стариот, да знам оти за вистина клетвата негова ќе ме фати; пиле да се сторам, бело море и црно да прелетам, ама уште еднаш при татка не дојдувам.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ова е клетва до непријателот тој што најмногу го сакам зошто ако не постоеше немаше ништо да создадам Ова е клетва до непријателот за долг и безгрижен живот му посакувам и да ме надживее да го види опусот сиот
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Истоштена снага се заниша како езерска трска под ударите на ветерот и езерските бранови ... дури тогаш од душата ѝ се откорна некаква тажалка - де молитва, де клетва...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Еврејската клетва го стрефи сосема неочекувано, но тој барем го имаше искусено дното за разлика од татината галеница на транзицискиот арамија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Вечната клетва секогаш ќе те стигне Во секое време, низ животи многу Одлучи понизен да бидеш пред Свјатоме Богу И секогаш во предност пред другите ќе идеш Ќе бидеш признат, ќе бидеш свиден Ќе бидеш благословен и можеби некој иден Наш спасител, месија пратен Од народот свој по барање вратен Нови надежи да донесе во земјата ветена Неомеѓена, единствена, осветена! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Има час кога светците слегуваат од иконите има мигови кога клетвите се молитва.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Арно, сега салам поверував оти клетвата од татка и од мајка фаќала, чунки еве мене кај ме фати.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Го колнеа и младо и старо, но него клетва не го стигна.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Рози слушаше како звукот на рапавите и нерамномерни крикови на гавраните сѐ повеќе се оддалечуваа, и тогаш ги слушна последната анатема од Кети и веселото чуруликање на црвеношијките, кои ја споделуваа омразата на Кети кон гавраните и нејзините ревносни клетви секогаш кога ги бркаше од градината.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)