клетник (м.)
Во принцип, според пописните листи, ликвидацијата на козите била педантно завршена, арно ама, козарот знаел оти овие клетници повторно ќе дојдат, да проверат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Потчинет бедник, слуга на клетник, На величина која не постои.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Зар не се сеќавате, клетници, божјата рака како ве разори, смачка?
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Клетници, кој ве брка!?“ им свика на заровите и над пуловите како крило прпна неговата рака.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
За тој збор народски да живи, под клевета тешка, од грчки свештеници, во Дебар го затворија ене, клетници, во ќелии сиви.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Сите атеисти, нихилисти, бунтовници, проколнатици, клетници и многу други слични, едновремено се и крајно нежни, чувствителни природи, преполни добрина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
В раце го држи најновото издание на Клетници од Виктор Иго.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Валијата, судските иследници, полицајци, аги и бегови како да се вселиле во душите на овие клетници.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)