клуч (м.)
Сѐ е под клуч, што се вели, целиот свет се држи заклучен, а мене умот ми е надвор избеган.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мојот пат е право пред мене преку сите оние деликатни кривини чие пронаоѓање е клучот за загатката.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Се слушна тропање на клучеви закачени на приврзок како котва од галија и вратата се отвори.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Полека го зема клучето од ланецот околу вратот и повторно ја нави прекрасната минијатурна градина.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Стоејќи пред затворената врата од под маицата ја извлеков врвката со клучот и отклучив.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Шоферот на автобусот со удар на француски клуч по глава го внесува назад.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Е, тој клуч, беа бункерите кои требаше да им го заградат патот на тенковите и на добро обучените јуришни единици на владината војска за да не го фатат патот што би ги однел зад нашиот грб.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таа се спушти на коленици, ја отвори ширум торбата и извади од неа неколку француски клучови и еден шрафцигер кои го исполнуваа горниот дел.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Метафората всушност сама ќе се покаже како клуч за сите прашања...
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Ама нели ништо не е случајно во овој толку предвидлив свет, па лидерот се беше заплеткал во хартијата за да биде поблизу доведен до пораката која беше клучот на нивното преживување како засебен ентитет.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Кога ми го прати писмото за да ја земам, а тој пес ја одвлекол дома си и таму ме рани, ми пиша дека ја држеле под клуч... (се бара во пазувата и вади писмо).
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Татко му не го зеде клучот и не го нави, ами го симна од ѕидот и го стави в торба како обичен предмет и замина в град да го продаде.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Модел или клуч за разрешување на душевните лирски трепети бликнати од силата на инспирацијата, од поетското искуство, поетски говор кој ги отвара вратите на победоносниот чекор на вредностите.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Одвнатре штракна клуч во бравата и вратата се отвори.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
На девојките обично им недостасува малку заборавеност, па за препорака е онаа која може да ги загуби клучевите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Пријателот се доверувал нешто во врска со жена си додека некој зад нив, несвесно, тропал со лиска клучеви внимателно вслушан во својот соговорник на соседната маса.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Тој двапати го заврте клучот зад себе во темната соба, а таа ги фрли кошулата и градникот на подот, минувајќи со раката преку влажната брадавица.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Пред другите дуќани веќе полсаат, некои и цел, чекаат со клучевите в раце, но тие не пијат „чај“ со командирот на полицијата, та не смеат да влезат предвреме, оти тој пак затоа седи кај Петруша, да види кој ќе се огреши од законот да му состави реферат и еве ти ги, — пукнале двете банки казна; по пет динари за присутните; банка „такцират маркаси“, што велеше Мамут ковачот, та на крајот казната излегла над педесет динари. А тоа значи, кршила глава половина франга.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еднаш ја заклучија влезната врата од куќата во која беа сместени неколку фамилии и го фрлија клучот.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Таа го држеше клучот и низ дебелите стакла од очилата гледаше да не се сопне по скалите.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)