кодош (м.)
Среќа дека помеѓу жените нема толку многу кодоши, како помеѓу нас, мажите, ја пофали тој и ја погали по образот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Бидејќи пак тој не мислеше да биде кодош на своите мариовки, и тоа Турци да ги продава, тој и не можеше да го дочека Велигден.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Откако потсетија дека за утредента претстои разгледување на судбината на зборот кодош во балканските јазици, тие првпат откако работеа заедно излегуваа во градот среде бел ден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А која власт може да опстане без кодоши? Тие како да се еден од нејзините столбови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Затоа и така храбро пее за фиктивната одмазда врз клетиот Турчин што ги силува македонските жени; затоа храбро им пцуе мајка на кодошите, крева револуција со вербални бомби и куршуми за пет минути во кафеана, по три жолти ракии, во сѐ на сѐ три строфи, и ослободува цели нации во еден рефрен.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од удобен сонувач да не се претворам во дремлив кодош Кој нема што да прави та слуша туѓи муабети Поточно ми беше непријатно од туѓите муабети
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Но не само на Белогардејците. Кафеаната беше собиралиште и на кодошите, на агентите, на уличарите, така да се рече на сиот џган. И не само на оној, градскиот џган.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кодош низаеден, си велам јадосан до немај каде.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Еден од кодошите што го прати дедо ми во затвор живееше неколку врати понатаму во истата зграда.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Божем да се бранел од комунистите, а всушност го направија кодош, па тој и тогаш се однесуваше кабадаиски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кај нас, тие паликарјата Македонес страв будеа и сееја со лош збор, со крвнички поглед, со стегната тупаница, со стап, камшик и со ластегарка в рака, со шлаканица, со подивен глас на стие, со начулено уво под прозорец и со намигнување на кодош..
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Но како од страв, да не ме сетат кодоши не смеев да се јавам на Имотот, а како кај вас уште оттаму, од брдото, (од Зедница) видов дека свети, и како сте вие прва куќа после Имотот, решив кај вас да се јавам и вам да ви го оставам и коњов и чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Камилски се надоврза на претходно изнесените податоци за зборот кодош, запирајќи на личното искуство: Во животот видов многу маки од кодошите, имаше меѓу нив што ги знаев, а ме кодошеа, имаше и кодоши кои не ги знаев, бев нивна постојана жртва во војна и во мир.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Некоректното однесување кон кодошот? Мисли сериозно?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во првичното значење во турскиот јазик поимот kudo го забележа како проводаџија, посредување при женидба, но и како никаквец, озборувач, додека во другите балкански јазици значењето се пренесуваше со различни нијанси на дејство на пренесување на лошотии од кодошот за друг човек, најчесто за материјална корист.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Слична беше состојбата и со зборовите курбан, зандана и кодош.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше свесен дека се нагрби да се бори и конечно да се пресмета, според него со најопасните зборови, како што се јаничари, курбан, башибозук, курбан, башибозук зандана и кодош зандана, кои беа сѐ уште во жива употреба во балканските јазици и често менувајќи ја пошироката употреба, не ја менуваа суштината, опстануваа, дебнеа демнеа како неочекувана опасност.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Престани да бараш кодоши околу себе, му дофрли Наум Џумката чепкајќи си го катникот со сламка од ланска трева.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ливаѓни имаа свои луѓе овде во селото, јатаци, кодоши и измеќари.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Верувам дека забележувате: кодошот ве подучува како да се однесувате кон кодошите за да можете да ѝ користите на својата несреќа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)