коегзистенција (ж.)
Во очите на големите европски просветители, шпанскиот злостор наспроти судбината на Андалузија не беше само контраст туку и модел за човештвото за толеранција и хармонична коегзистенција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Четвртиот период, во коегзистенција со третиот, своето потекло го води од раните шеесети и е окарактеризиран со „реверзија на херменевтиката, и со речиси метафизички истражувања во преводот и интерпретацијата“; накратко со визија за преведувањето како широко поле во чии рамки спаѓаат и други дисциплини.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Да се искуси границата со сите нејзини контрадикции, но и нејзиното изобилство на живот, значи да се практикува толерантност, коегзистенција и живот еден крај друг и покрај нашите разлики.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)