кожен прид.

кожен (прид.)

Иако се немавме видено од вчера изутрина знаев дека таа го имаше навлечено на дебелите меса она нејзино мини здолниште стегнато со кожен колан.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Преку тенките кожени прегради очите ја сеќаваат розикавата и тешка светлина на ламбата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го земаа коженото палто од татка си и го свртеа наопаку.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во првото кафеанче седнав да испијам кафе, ја пикнав раката во кожната ташна што ја носев обесена на рамо, а која сега ја имав положено на масата пред себе, и го најдов својот адресар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вниманието му го привлекува еден том во кожена подврска.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не ни беше тешко да го откриеме шефот – кој обично носеше кожено палто и, по правило, имаше мустаќи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во собата за прием во која веќе беше запален каминот, на кожната софа седеше стрико Ѓорги и пееше додека син му го придружуваше на гитара.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Нашите застрашени детски очи беа управени кон човекот со долго црно кожено палто и со долги мустаќи, кои му даваа строг израз, дури и кога на лицето ќе се појавеше здржана насмевка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш извадил од пазувите едно кожено ќесе го отворил и почнал да брои на трпезата жолтици.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Убава вест ни носите! рече генсекот загледан во кожниот црвен омот во кој беше копијата на текстот на пораката од претседателот Мојсов, преведена на француски јазик, на меморандум од амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Двамината со кајче се вратија во Винени и таму на кожената блуза видоа и изброија дека беше пронижана со триесет куршуми.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ме легна на еден кожен кауч.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Горјан носеше преку рамото обесена кожна торбичка, во која имаше бележник и неколку моливи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тоа е ситен човек во бел берберски мантил. Носи кожнена чанта.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Имаше тука и една голема книга со кожени корици и со позлатени букви, кои времето не можеше да ги избрише можеби поради задржаната светост во неа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја чуваше во убава кожна футрола скриена длабока во плакарот во спалната. Дури се плашев од неа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Во појасот тој стави пиштоли, на колкот јатаган и на главата кожениот калпак на деда Гера, којшто го поклопи до под носот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ги гледам од под нивните кожни чизми, од под колена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓе со кожени палта и мустаќи обично беа од полицијата, од власта или од партијата. Нивни беа и законот и правдата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мало книже од Куранот со изреки и молитви на арапски јазик, што обично се носи во кожно кесе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе