кока (ж.)
Дедо Мраз со санка и шишенце КОКА*КОЛА еквилибрираше по падините на покривот и се цедеше во длабочините на олуците и по рабовите на оџаците плашејќи се да не се стопи како дебела илузија додека во подножјето на елката од пластика и трепкалки ги паркираше шарените пакетчиња од фабриката за евтини чоколада вафли и бомбони небаре е нејзин трговски патник а не црвен исполнувач на желби ***
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
„Обично носам хигиенски чаршафи за кината - помисли само кој сѐ можел да седи пред тебе на седиштетето, и колку пати, и каков вид на некоја ужасно гнојна бактерија мора да се наоѓа во сите оние древни капки од карамела и кока кола и пуканки со путер - но не сакав да помислиш дека сум настрана или така нешто на првиот состанок, такашто не ги понесов.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Наместо вода пиеше виски, наместо леб земаше кока.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Доаѓаат тие, Бугарите велам, и ни велат дека сме Бугари, та со камиони ни носат износени алишта, среде село растоваруваат од камионите вреќи со брашно, грав, леќа, шеќер и пакети со некакви слатки за децата, сокови, кока - коли, па дури и вода.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ти си ментол бомбона. Јас сум кока кола.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
А место кока кола – јогурт! – му вели Димитар на другар си што за час „смачка“ една четвртинка со сирење.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Пред секоја голем разнобоен шатор и под него изложени пластични шишиња со кока кола и разновидни обоени сокови и течности.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Влегува во ресторанот и веднаш незадоволно ги намрачува усните штом го здогледува шишето „кока кола“ пред мене.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)